за

Peugeot и Citroen ќе згаснат 19 модели до 2020 година

Францускиот концерн PSA Peugeot Citroen најави дека ќе ја скуси понудата на модели заради подигнување на рентабилноста. Речиси половината модели стануваат вишок.

Тоа што изгледа како лоша вест, всушност може да претставува будење на браншата од сонот за платформската стратегија, што им овозможи на производителите од една иста основа да изведат безброј каросериски изведби и концепти. Секако дека развојот на овие дополнителни моделски изведби не е бесплатен и директно влијае врз цената на основниот модел. Автомобилите поскапеа без притоа да нудат повеќе – за купувачот. Единствената корист ја има производителот. Францускиот концерн сака да стави крај на овој лажен напредок.

Шефот Карлос Таварес објасни дека моделите ќе се повлекуваат постепено во текот на следните години, односно групацијата ќе се фокусира во сегментите што носат поголема профитабилност. Од сегашните 45, во следните шест години ќе се укинат вкупно 19 модели, односно на секои четири месеци во просек ќе се повлекува по еден модел од понудата на Peugeot и Citroen. Како следна предност што Таварес ја гледа во скусувањето на бројот на модели во понудата е можноста за подобро посветување во развојот и тестирањето на идните возила на двете марки.

Единствена утеха за љубителите на француските марки е тоа што подмарката DS во иднина ќе настапува како независна марка покрај Citroen и Peugeot, и исто како сега ќе се ориентира како премиум марка. Паралелно со тоа ќе следува и попрецизно профилирање на имиџот на марките Citroen, Peugeot и DS.

За бизнисот да се врати во подрачјето на добивка, PSA ќе продолжи со ширење на кинексиот пазар, со планирано тројно зголемување на продажбата преку партнерот Dongfeng до 2020 година како и со развој на марката DS. Покрај тоа, Peugeot и Citroen ќе се вратат на рускиот и латиноамериканскиот пазар и ќе се „впуштат во потрага по можности за експанзија“ во новите региони, како Африка и Медитеранот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новата генерација на Opel Astra пристигнува в година

Колку заработуваат производителите од продаден автомобил?