за

Peugeot и Citroen си ги регистрираат возилата за да прикажат добра продажба

Половина од продажбата на возила од новата марка на Peugeot и Citroen отпаѓа на демо возила. Целта е публиката да ги забележи моделите на новата марка DS, но профитот трпи катастрофално.

DS Automobiles е новата марка на францускиот концерн и според продажните бројки таа забележа пристоен старт од почетокот на годинава. Но, пазарните аналитичари откриваат дека голем дел од продажбата отпаѓа на таканаречени демо возила, односно автомобили коишто производителите и дилерите сами ги регистрираат во промотивни цели. Речиси половина од продадените возила од премиум-трендовската-техно марка DS во Германија се демо возила, во Италија се 29 проценти, на шпанскиот пазар 26 проценти, а висок процент е регистриран дури и во Франција (16%).

Дилерите си ги продаваат овие возила на самите себе, без нарачка од купувач. Демо возилата обилчно се користат како дел од возниот парк за тестирање, но по одреден период им се продаваат на купувачите со исклучително големи попусти.

Продажбата на возила од марката DS веќе опаѓа – дилерите веќе се „снабдија“. На марката ѝ недостига свежина, поради финансиската криза којашто го погоди францускиот концерн пред четири години и скусувањето на трошоците за развој на нови модели и технологии, како последица од тоа. Малечкиот DS3, најдобро продаваниот од трите модели на марката, присутен е на пазарот веќе шест години. Поголемите DS4 и DS5 имаат по четири години. Додека европскиот пазар бележи раст од 8,1 проценти, продажбата на DS се намали за 16 проценти, на 27.236 возила до април.

По воведувањето на моделите со култната ознака, според „ајкулата“ на Citroen од 1950-те години, DS од минатата година настапува како самостојна марка. Плановите се DS Automobiles да претстави пет нови модели во периодот меѓу 2018 и 2020 година, вклучувајќи и наследник на оригиналниот DS, со нос како ајкула, по пример на студијата Numero 9 од 2012 година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Украинска поправка на изрешетано комбе со метални парички

BMW X4 ќе се произведува во Русија … со делови од САД!