за

Peugeot има нов пикап: Ексклузивно за Африка

Peugeot Pick Up

Peugeot го освојува светот. По преземањето на Opel под својот покрив, француската марка го постигнува следниот триумф. Peugeot Pick Up е новиот лавовски модел. Анахрониот дизајн е наменски. Пикапот ќе се продава во Африка, произведен е во Кина, а лиценцата е од стара креација на Nissan.

Peugeot некогаш им дава поголеми привилегии на африканските возачи отколку на остатокот од светот. Додека тука целосно отсуствува каков било модел со погон на сите тркала – со исклучок на хибридниот 508 RXH – на возачите во Африка им стои на располагање чистокрвен теренец. Peugeot Pick Up. Вистински автомобил со погон на сите тркала, робусен, неуништлива работна машина.

Peugeot го создаде совршениот пикап за африканскиот континент

Новиот модел чија што ознака воопшто не упатува на сомнеж околу неговата намена, според Peugeot ги исполнува основните потреби за робусност, издржливост и погон на сите тркала. Како екстра следуваат впечатлива просторност и опрема.

Peugeot Pick Up

Со должина од 5,08 метри и двојна кабина, Pick Up спаѓа во сегментот на компактни пикапи. Еден од секои десет продадени камионети во Северна Африка и делот од Западна Африка под Сахара е од видот на Peugeot Pick Up. Нивниот пазар достигнува 56.000 примероци годишно, од кои 92% возат со дизел мотор и 77% располагаат со погон на сите тркала.

Кинески пикап по јапонска лиценца за француската марка во Африка

Не е првпат Африканците да добијат ваква привилегија од француската марка. Уште во 1956 година, Peugeot беше присутен во регионот со 403 Camionnette-Bachee, по три години следеше 404, а потоа и 504, легендарното име што остана во производство во Нигерија до 2005 година. Новиот пикап на Peugeot всушност е преработен Nissan D22, когошто лиценцно го произведува кинескиот партнер Dongfeng.

Peugeot Pick Up

Со растојанието од подлогата од најмалку 21 сантиметар, Pick Up има сериозни теренски амбиции. Камионетот користи носечка рамка, во комбинација со крута задна оска со листести пружини. Издржливоста и неуништливоста се основните предности на оваа барокна конструкција наспроти најмодерните техники. Повеќе од тоа никој и не бара.

Товарниот простор е со димензии 1,40 х 1,39 метар. Ѕидовите и подот се обложени со заштитна смола, носивоста е 815 килограми.

Листести пружини и носечка рамка во комбинација со електрика на ретровизори и паркинг-сензори

Турбодизел од 2,5 литри е единствениот избор. Моторот со 115 КС и 280 њутнметри е вграден надолжно и работи во комбинација со петстепен менувач. Покрај верзија со погон на сите тркала се нуди и 4х2, со погон назад. Класиката го достигнува врвот: Карданско вратило и диференцијал во задната оска. Погонот на сите тркала кај верзијата 4х4 се вклучува мануелно, со избор на „брзински“ или низок преносен однос

Тоа што Peugeot Pick Up денес го добива во опремата, уште не било измислено во времето кога неговата конструкција била актуелна: Клима уред, електрика на прозорци и ретровизори или систем АВЅ, паркинг сензори назад и чифт воздушни перници.

Продажбата на Peugeot-Dongfeng-NissanPick-Up ќе стартува во септември, цените секако ќе бидат мошне интересни.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

добавувачите за опел инсигниа

Кои се добавувачите на компоненти за: Opel Insignia

Honda proizvodstvo

Вирус го стопираше производството на Honda во Јапонија