143
19 shares, 143 points

Љубителите на кросоверите нека го забележат понеделник 23-ти мај како важен датум во календарот. Peugeot тогаш ја претставува новата генерација на кросоверот 3008.

Првата генерација на кросоверот во моделското семејство на Peugeot 308 своевремено пристигна како кулминација во понудата со „двојна нула“ на француската марка, којашто беше замислена да претставува еден вид „Peugeot за Peugeot“, со двојно впрегнување на иновациските моќи и традиционалните вредности на марката со лавот. Моделот 3008 најверно ги застапуваше принципите на двојната нула, со иновативната технологија, со напредните решенија во практичноста, а особено во погонот.

Со овој модел пристигнаа дизел-хибридот, интелигентната контрола на тракција, проекцискиот дисплеј. На тоа се надоврзуваа кокпит како во авион, дводелен капак на багажникот, сончев покрив со површина од 1,6 метри квадратни, електрична паркирна сопирачка, системи за асистенција. Дури и од сегашен аспект, Peugeot 3008 уште се издвојува со иновативноста и оригиналноста.

По шест години од премиерата на првата генерација и по три години по фејслифтот, Peugeot најавува генерациска смена на 3008. Светската премиера е најавена за в понеделник, 23-ти мај. Французите не откриваат многу за новиот кросовер. По социјалните мрежи е пуштена само фотографија со детал од задните светла, под #SomethingBigIsComing.

Голем дел од новитетите веќе се прикажани преку концептот Quartz

Во поглед на дизајнот, новиот 3008 ќе се ориентира според актуелните дизајнерски елементи на Peugeot, дополнително повикувајќи се на неколку детали што беа прикажани со концептниот автомобил Quartz. Впечатливите задни светла од концептот секако ќе бидат дел од сериската верзија на кросоверот. Од Quartz ќе биде преземен и кокпитот, што француската марка го потврди со најавата за i-cockpit, со дигитална табла со инструменти и голем дисплеј на допир.

Техниката на новиот Peugeot 3008 ќе се базира врз платформата EMP2. Дизел-хибридот е сосема извесно дека ќе биде заменет со нормален плагин-хибрид со бензински мотор.

[FAG id=24398]


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

143
19 shares, 143 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *