Пазар

Peugeot со посебни понуди до крајот на февруари

Продажна акција на Еуроимпекс за речиси комплетната моделска гама

До крајот на месецов ќе трае продажната акција во којашто автомобили од марката Peugeot може да се набават по цени кои увозникот ги ветува како неодоливи. Возилата се од лагер, достапна е речиси целата моделска гама на француската марка, вклучувајќи и неколку модели од товарната понуда.

Во актуелната продажна акција којашто се води под слоганот „28 дена Peugeot“ и сосем е јасно дека се однесува на цел месец февруари, увозникот Еуроимпекс им нуди на македонските купувачи можност да набават автомобил од марката Peugeot под посебно поволни услови. Во акцијата е опфатена речиси целата патничка и товарна моделска гама на француската марка, со исклучок на кросоверите од компакт класата.

Возилата се на лагер, увозникот нуди и можност за пробно возење на своите демо возила, по претходно закажување термин преку интернет страницата. Персоналот на Еуроимпекс е подготвен заинтересираните купувачи темелно да ги запознае со понудите, како и со карактеристиките на моделите. Увозникот посочува дека станува збор за ограничена количина возила.

60 години на Peugeot 403 Cabriolet: Aвтомобилот на инспектор Колумбо

Половина век на Peugeot 204 Coupe и Cabriolet

Тест • Peugeot 301 1.2 VTi Active

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3729