за

Peugeot одбива да го продава електричниот Opel Ampera-e?

Opel Ampera-e

Французите замижуваат пред Opel Ampera-e, затоа што електричниот автомобил не му носи доволно профит на шефот Таварес. Секој примерок што матичниот концерн на Peugeot и Citroen и нов сопственик на Opel ќе го нарача од Детроит, предизвикува загуба во касата. Електричниот Opel повеќе не се продава.

Кога некој фудбалски тим ќе доживее дебакл на натпревар, тренерите обично го коментираат неуспехот во стилот „прво немавме среќа, а потоа нé биеше пех“. Во истата ситуација сега се наоѓа и марката Opel.

До пред само неколку месеци, германската марка имаше големи надежи за иднината. Електричната Opel Ampera-e беше пречекана со одушевување од купувачите и од критичарите. Со полни батерии, семејниот компакт со големина на Astra постигнува досег речиси колку трипати поскапите модели на Tesla.

Очекуваниот успех сепак изостана. Во Норвешка, најголемиот пазар за електрични автомобили во Европа, во септември се продадоа одвај триесетина примероци од Opel Ampera-e. Наспроти тоа, конкурентскиот Golf и скапата Tesla S се продадоа во илјада примероци, секој. Opel не испорачува доволно возила.

Opel под новиот сопственик Peugeot ќе може да го нуди само тоа што лесно се продава: Конфекциски кросовери, малечки автомобили, некоја поедноставена идна Astra. Електричниот Opel Ampera-e во меѓувреме е „избришан“

Сомнежот за неуспехот прво паѓа на францускиот PSA, новиот сопственик на германската марка. Според шефот Карлос Таварес, вината не била до матичниот концерн на Peugeot и Citroen. Тој открива дека Ampera-e носи загуба. Французите не можат да заработат од продажбата на електричниот Opel, затоа што за секој нарачан примерок мора да се исплаќаат лиценци на General Motors, поранешниот сопственик на германската марка.

Opel Ampera-e се произведува во Детроит, како близнак на Chevrolet Volt. Обивањето од страна на Таварес не ги загрижува Американците. Место Opel Ampera-e да го произведуваат за европскиот пазар, тие без каква било пречка можат да го испорачуваат електирчниот автомобил под логото на Chevolet во Кина. На најголемиот пазар во светот наскоро стапува во сила задолжителна квота за електрични автомобили. За секоја продадена количина возила со обичен погон, марките мораат да продадат соодветен број електрични возила.

Opel немаше среќа, но немаше ниту избор да го избегне шефот Таварес, кој го потценува значењето на електричниот автомобил. Самиот PSA до пред извесно време беше потенцијален кандидат за продажба. Веќе може да се насети, што му претстои на Opel – чистење на моделската понуда од сé што не носи голема заработка. Ampera-e моментно само фигурира во ценовникот на Opel. Интернет-страницата за нарачки повеќе не постои.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

полнач во скопје, полнач за електрични возила

Со новиот полнач во Скопје, Европа има вкупно 118.131 полначи за електромобили

bmw картелско здружување

Daimler и VW го наместија BMW во случајот со картелското здружување