за

Peugeot го смени шефот во Кина поради слабата продажба

peugeot 307 kina

Концернот на Peugeot и Citroen постави нов човек да раководи со продажбата во Кина и Југоисточна Азија. Француските марки годинава имаат за две петини намалена продажба на најголемиот автомобилски пазар во светот.

Францускиот PSA го отпушти менаџерот којшто беше задолжен за продажбата на кинескиот пазар. На местото на Денис Мартин доаѓа Карлос Гомез. Лани, Мартин беше поставен за прв човек за регионот на Кина и Југоисточна Азија. Причина за неговата смена е катастрофалниот пад во продажбата на француските марки. Меѓу јануари и ноември, марките на PSA продале за 37 проценти помалку возила отколку во истиот период лани.

Според PSA, смената е направена во чекор со глобалното проширување на концернот

Новиот регионален шеф за Peugeot и Citroen во изминатите седум години го раководеше бизнисот на концернот во Латинска Америка. Пред преоѓањето во PSA во 2010 година, 53-годишниот менаџер има работено за Fiat и Renault.

Кина е најголемиот и најважен автомобилски пазар во светот. Концернот PSA досега не успеа да го оттргне имиџот на евтини марки од Peugeot и Citroen. Французите повеќе се ориентираа на европскиот пазар. Во меѓувреме се најавува можност, Opel како нова членка во групацијата, во следните неколку години да стартува на кинескиот пазар. Во времето на General Motors, германската марка не смееше да ги продава своите автомобили на големиот азиски пазар.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fendt 1000 vario jubilej

И производителите на трактори имаат јубилеи за славење

nio es8

Nio ES8 е одговорот од Кина на Tesla Model X