за

Топ 10 Најпродавани модели во Македонија до април

ford kuga prodazba mk
ford kuga prodazba mk

Во Македонија во првите четири месеци од годината се продадени 2.080 патнички и 454 доставни возила, односно за околу 40% повеќе од истиот период лани. Ford Kuga ја предводи продажбата, со едно возило повеќе од VW Golf, веднаш потоа следат два модела на Dacia.

Продажните бројки за нови патнички и доставни возила на нашиот пазар и натаму се под велот на мистеријата, барем доколку се очекува истите да бидат доставени од официјални здруженија, групации или каква било форма на институција. За да се допре до тие информации, останува единствено контакт со регионални центри за обработка и располагање со статистички податоци.

Како и обично, во продажните бројки отсуствуваат податоците за Hyundai, Mazda, BMW и Mercedes, исто како што не постои разграничување на новорегистрирани возила во Македонија и возила што понатаму продолжуваат за реекспорт. Додека детална статистика за главните автомобилски пазари во Европа може да се обезбеди во секое време, за македонскиот пазар отстуствува и најсуштинскиот податок, колку од остварената продажба на одреден модел и марка отпаѓа на приватни купувачи, а колку на деловни корисници.

Неофицијално, во април во Македонија се продадени 660 возила, од кои 557 се автомобили и 103 се лесни доставни возила

Доколку такси-компанија реши да обнови дел од возниот парк, лесно може да се случи избраниот модел да избие на првото место на најпродавани автомобили на македонскиот пазар. Тоа, секако, може да ги доведе купувачите во заблуда дека конкретниот модел ужива висока популарност на пазарот. Истиот проблем важи и за реекспортот.

Volkswagen T-Roc test

Единствен податок што може да се потврди со сигурност се 16-те продадени примероци од Volkswagen T-Roc во април, кога кросоверот на база на Golf првпат се појавува во месечниот Топ 10. Со тоа се потврдува успехот на овој модел на Volkswagen, кој неколку месеци наназад бележи најголем раст во продажбата на целиот европски пазар.

Според податоците од Царината, во април се увезени 505 нови патнички возила и 63 товарни моторни возила, вклучувајќи и камиони. Наспроти тоа, увозот на користени автомобили покажува 3.043 примероци или за околу 32% повеќе отколку во ланскиот април. За првите четири месеци, официјално се увезени 2.010 автомобили.

Со сите можни резерви, забелешки и напомени, во продолжение се десетте најпродавани автомобили на македонскиот пазар.

Топ 10 Најпродавани автомобили на македонскиот пазар

(за период од јануари до април 2019, според регионални центри за статистика)

Марка и модел

Возила

Ford Kuga

91

VW Golf

90

Dacia Duster

84

Dacia Dokker

83

Kia Sportage

83

Citroen C3

76

Peugeot 301

76

Renault Clio

74

Opel Corsa

73

Skoda Octavia

68

Сцената на олдтајмери во Македонија дефинитивно поставена и функционира

Макпетрол: „Кој стравуваше од слободното формирање на цените?“

Во февруари продадени 463 нови автомобили во Македонија

Македонска гордост на салонот во Женева: Славче Таневски и Mercedes CLA

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Prodazba na Fiat Chrysler vo SAD

Колку продава Fiat Chrysler во Америка?

VW.ID.R rekord nirburgring

Volkswagen ID.R постави „електричен“ рекорд на Нирбургринг