166
21 shares, 166 points

Volkswagen Passat, Ford Mustang и Mercedes C-Class се финалистите во изборот за светски автомобил за 2015 година, којшто се решава на 2-ри април на салонот во Њујорк. Изборот се одржува веќе десетта година, со жири составено од 22 автомобилски новинари од целиот свет. Ford Mustang е првиот американски автомобил што се пласирал во завршницата од изборот. Passat веќе ги убеди европските новинари, од коишто ја доби наградата за Автомобил на годината во Европа и сосема е извесно дека ќе го повтори успехот и на светско ниво. На изборот се прогласуваат и најеколошкиот и најспортскиот автомобил, како и најнапредниот дизајн.

wcotyМеѓу најдобрите три автомобила за финалето не се пласираа BMW 2 Active Tourer, Citroen C4 Cactus, Hyundai Genesis, Jeep Renegade, Mazda2, Mini 5-door и Nissan Qashqai. Битката во категоријата за најдобар луксузен автомобил во светот ќе се решава меѓу BMW i8 и BMW X6, Cadillac ATS Coupe и Escalade, Kia K900, Lexus NX и Lexus RC, Lincoln MKC, Mercedes-Benz S Coupé и Range Rover Autobiography Black LWB.

Три модели на Audi за спортски автомобил на годината

Во трката на спортските автомобили учествуваат Audi S1, S3 и TT, Bentley Continental GT Speed, BMW M3/M4, Corvette Z06, Dodge Challenger SRT Hellcat, Jaguar F-Type R Coupe, Lexus RC-F и Mercedes-AMG GT. Во категоријата на најеколошки автомобили ќе се решава меѓу BMW i8, Hyundai x35 Fuel Cell, Kia Soul EV, Volvo XC90 T8 Twin Engine и Volkswagen Golf GTE, додека во дизајнот се натпреваруваат BMW 2 Active Tourer, Citroen C4 Cactus, Mercedes-Benz C-Class, Porsche Macan и Volvo XC90.

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

166
21 shares, 166 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *