143
21 shares, 143 points

Руски конструктор не ги поднесува лажните теренци. Тој изработе теренско возило во коешто нема вишок делови и ништо не го уништува. Уникатната креација наречена Partisan One е калашников меѓу теренските возила.

Уште по името на автомобилот се насетува дека веројатно станува збор за руски производ. Partisan One е возило констуирано од рускиот автомобилски инженер др. Јури Постников, со единствена цел: Тоа е најдобриот автомобил за најлошите патишта во светот.

Partisan One изгледа како да е составен од комплетите „механотехника“

Изгледот буди сеќавања на комплетите „механотехника“ за развивање на креативноста на детска возраст. Но, првиот впечаток обично мами. Токму едноставноста на конструкцијата е генијалното во Partisan One. ‘Рбетот на возилото го сочинува едноставна рамка со квадратни профили, од коишто повеќето се споени со навојна врска – народски, со штрафови. Постои причина за тоа.

партизан-моторс-партизан-оне 5

Partisan One се испорачува до домашната адреса исто како мебел за составување. Целото возило го собира на една палета. Идниот сопственик треба сам да си го „произведе“ возилото. Испораката е едноставна и евтина, каде било низ светот. Во стандарден бродски контејнер од 30 стапки (9,14 метри) собира пет комплети возила за составување. Системот одговара и за војската. По потреба, Partisan Motors ќе го испорача потребниот број примероци со авион.

Поправка по принципот продупчи, прицврсти со завртка и вози

Бидејќи стаклата и ламарината се рамни, замената на оштетените делови може да се изврши на самото место. Едноставно се зема неоштетена ламарина, се дупчат отвори, се прицврстува со завртки и готово. Постников има предвидено и блиндирана верзија. Конструкцијата на Partisan One располага со посебни места за поставување заштитни плочи.

партизан-моторс-партизан-оне 3

Прототипот поседува 2,8-литарски дизел од Fiat со моќност од 148 КС. Секако дека едноставната конструкција на возилото овозможува лесно вградување на било кој мотор или погонска спрега. По потреба, моторот може да се вгради надолжно или попречно, во погонската спрега може да се додадат блокади на диференцијал и сл.

Постников е толку убеден во неуништливоста на своето возило, што за него дава 100 години гаранција. Тоа можеби звучи сензационално, но освен металната рамка, Partisan One не поседува дел што подлежи на гаранциска обврска. Освен во основната верзија, возилото може да се добие и во продолжена изведба или како пикап. Цената изнесува близу 60.000 долари – без клима уред, грејачи во седиштата или радио.

Колку примероци од возилото се испорачани досега не се знае. Но, кога ќе заврши „производството“ и возилото ќе ја напушти гаражата, Partisan One сигурно нема да остане незабележан.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

143
21 shares, 143 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743