за

Париз ќе забрани сообраќај за дизели постари од 2001 година

Париз забрана дизел

Европските метрополи сé повеќе го стеснуваат просторот за возилата со дизел мотор. Од средината на следната година, на целата територија на Париз ќе бидат забранети дизели постари од 18 години

Релаксирачко крстосување со ран примерок од првата генерација на Citroen Xsara Picasso HDi по Елисејските Полиња? Од средината на следната година, тоа задоволство повеќе нема да постои по прочуената париска авенија. Пошироката територија на Париз ќе биде недостапна за возила со дизел мотор, коишто се регистрирани пред 2001 година. Така реши метрополската област, којашто брои над 12 милиони жители.

Во изјава за „Ла Паризиен“, париската градоначалничка Ан Идалго оцени дека „тоа се добри вести за здравјето на сите жители“ и дека одлуката „претставува победа за граѓаните“. Конкретно станува збор за подрачјето околу А86, втората обиколница околу Париз. Оваа делница во вкупна должина од 79 километри го опкружува целиот град Париз и периферијата. Забраната ќе стапи на сила во јули 2019 година.

Забрана за стари дизели и бензинци дење во текот на работната седмица

Француската престолнина има одредено многу строги закони во борбата со издувните гасови. Лани станаа задолжителни налепниците, со коишто возилата се класифицираат според нивниот квалитет на издувните гасови. Со новата одлука, автомобилите со дизел мотор кои се регистрирани пред 2001 година и автомобилите со бензински мотор, произвдедени пред 1997 година, повеќе не смеат да сообраќаат низ градот дење, во текот на работната недела. Законите за товарните возила и автобусите се уште построги.

Париската градоначалничка Ан Идалго е решена да го спаси градот од загадениот воздух

Париз е само една од многубројните европски метрополи коишто го ограничуваат или целосно го ограничуваат пристапот во градскиот центар со дизел возила. Норвешкиот главен град Осло не дозволува возилата со дизел мотор да сообраќаат во деновите со висока загаденост на воздухот. Градските власти планираат во следните години целосно да го забранат пристапот во центарот на градот за сите возила со мотор со внатрешно согорување.

Барцелона, Мадрид, Лондон, Хамбург…

Во шпанските градови Барселона и Мадрид исто така постојат ограничувања за автомобили со дизел мотор, во периодите кога е лош квалитетот на воздухот. Во потесното централно подрачје на Лондон, возачите на автомобили со дизел и бензински мотор во работните денови мораат да плаќаат посебна такса за влез. Во германскиот пристанишен град Хамбург е забранет сообраќајот за дизел возила на само една улица, но од следната година ќе мораат да се придружат и Берлин, Минхен, Франкфурт и Келн, откако судовите донесоа одлука за забрана на сообраќајот.

Зошто и зимава ќе дишеме автомобилски издув?

Топ 10 Најголеми заблуди околу аерозагаденоста во Македонија

Македонија: Три од четири автомобили се постари од 10 години

Вистината зошто Македонија не го спречува загадувањето од сообраќајот

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes GLC F-Cell

Водородниот Mercedes GLC F-Cell почнува со продажба

Ford Mustang

Ford со три награди од германскиот магазин Sport Auto