Градоначалничката на Париз ќе го претвора историскиот центар на француската престолнина во пешачка зона. Автомобилите нема да сообраќаат во центарот. Жителите и туристите сепак нема да мораат да пешачат постојано
Хероината во заштитата на животната средина во Париз, градоначалничката Ан Идалго, ќе го претвора историскиот центар на француската престолнина во пешачка зона. Во четири општини во централното подрачје се планира драстично ограничување на сообраќајот. На подрачјето што ќе прерасне во пешачка зона се наоѓаат неколку туристички атракции на Париз, како Лувр и катедралата Нотр Дам.
Превозот во централното подрачје ќе го преземат електрични минибуси. Покрај тоа, Ан Идалго веќе подолго време работи на проширување на мрежата од велосипедски патеки во градот на Сена. Градоначалничката на Париз ќе може да започне со работа околу идната пешачка зона, само доколку биде избрана повторно и добие мандат по 2020 година. Изгледите за тоа да се случи, засега не се најсигурни.
Секоја недела ќе биде ден без сообраќај со автомобили во неколку подрачја на Париз
Еден дел од пешачката зона е веќе спремен за реализација. Станува збор за десниот брег на Сена, меѓу плоштадот Конкорд и Градското собрание. На овој простор во должина од три километри нема сообраќај во текот на целата година.

Во неколку париски општини, во една недела во месецот мирува автомобилскиот сообраќај. Идалго планира од следното лето, автомобилите да мируваат секој неделен ден. Покрај тоа, од средината на следната година ќе биде забранет и сообраќајот со постари возила со дизел мотор на пошироката територија на Париз. Со автомобили со дизел мотор кои првпат се регистрирани пред 2001 и бензинци произведени пред 1997 година, уште сега не смее да се вози дење во работните денови во одредени подрачја на Париз.
Париз ќе забрани сообраќај за дизели постари од 2001 година
Париз ќе се ослободи од бензинците и дизелите до 2030 година
Електрични автобуси на релација од Париз до Амиен
Берлин од април забранува сообраќај за стари дизели на 11 улици
0 Comments