172
27 shares, 172 points

Сонот за летање е стар исто колку автомобилот, а идејата двете форми на мобилност да се соединат во едно возило отсекогаш ги предизвикувала изумителите. Повеќето досегашни обиди завршуваа без успех. Од Холандија пристига летечкиот автомобил PAL-V Liberty, којшто е зрел за сериско производство и треба да стартува со продажба во следните две години.

Холанѓаните моментно работат да ги обезбедат потребните сертификати и се надеваат дека нивните клиенти ќе почнат да летаат веќе в година. Во проектот учествува и холандската влада, што е најдобар доказ дека се работи крајно сериозно за летечкиот автомобил да стане реалност.

PAL-V Liberty Zeneva 2

Сонот за летечки автомобил со когошто ќе може едноставно да се полета од автопатот во случај на метеж сепак не е остварлив толку лесно. Полетувањето и слетувањето е дозволено само на аеродром. Од помош може да биде системот за навигација, којшто пријавува кога има застој и го покажува патот до најблискиот аеродром.

Идните сопственици ќе мораат да обезбедат и приватна пилотска лиценца

Идните корисници на Liberty ќе мора да обезбедат и приватна пилотска лиценца, покрај возачката дозвола. Со двајца патници, автомобилот со крила може да лета до растојание од 400 километри. Кога само пилотот е во Liberty, досегот се зголемува за уште сто километри.

Liberty е предвиден за најмногу две лица, на кои им стои на располагање и мал простор за сместување на багажот зад двете седишта. За разлика од поранешните обиди за летање со автомобил, со овој може да се направи и шопинг низ градот. Димензиите дозволуваат користење на катни или подземни гаражи. Кога се користи како автомобил, Liberty може да постигне брзина до 170 километри на час. За погон на возилото тешко 650 килограми служат два мотори Rotax.

PAL-V Liberty Zeneva 3

Кога се користи како летало, Liberty повеќе личи на хеликоптер отколку на „вистински“ авион. Холандскиот изум фактички е класичен жирокоптер, со потреба од малку простор за полетување и слетување. Според производителот, оваа конструкција лета постабилно отколку класичен авион со крила. Брзината на лет се движи меѓиу 50 и 180 km/h.

PAL-V досега има добиено над сто нарачки за летечкиот автомобил

Холанѓаните не ја откриваат точната бројка на нарачки, но наведуваат дека станува збор за повеќе од сто нарачки, што е далеку над очекувањата. Во споредба со неколкуте суперспортски автомобили, коишто се изложени на околните штандови на салонот во Женева, цената на Liberty е речиси скромна. Производителот бара меѓу 299 и 499 илјади евра, зависно од верзијата. Ако се земе предвид дека Bugatti чини десетпати повеќе и секаков обид за летање би завршил несреќно, понудата за летечкиов автомобил е неодолива.

Првите проби за летечки автомобил на холандската компанија потекнуваат уште од 1999 година. Проектот почнува да се реализира дури во 2009 година и сега е пред сериско производство. Првата серија ќе се изработи во само 99 примероци, секој по цена од 499.000 евра. Дури потоа ќе започне производството на примероците со цена од 299.000 евра. Истата практика ја применуваат и производителите на автомобили. Прво стартуваат моделските изведби со најсилни мотори, а на крајот оние со нормални мотори.

Холанѓаните го имаат првиот летечки автомобил во продажба

Дубаи воведува летечко такси

Ламанш за првпат „извозен“ со летечки автомобил

Вака производител на авиони го замислува автомобилот на иднината


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

172
27 shares, 172 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743