165
21 shares, 165 points

Пакистан одобри амбициозна политика за поддршка на електричните возила, во рамки на национална стратетија. Планот е електричните возила и камиони да достигнат удел од 30% до почетокот на следната декада, за потоа да следат и 90% до 2040 година.

Пакистан изработи стратегија, за државата преку субвенции и привилегии да овозможи 30% од продажбата на патнички автомобили и камиони да отпаѓа на возила со погон на струја до 2030 година. Стратегијата понатаму предвидува електричниот погон да учествува со 90% од продажбата во 2040 година. Уште поамбициозен е планот за возилата со две или три тркала, како и за автобусите. Кај нив, целта се 50% до 2030 и исто така 90% до 2040 година.

Економијата во земјата во моментов не е најдобрата форма, покрај инфлација од 12,7% и девалвација на рупијата за близу 50%. Владата сепак цени дека подршката за електричниот погон, покрај позитивниот ефект врз квалитетот на воздухот во градовите кои се меѓу најзагадените во светот, може да доведе токму до заживување на економијата.

На изненадување на многумина, Пакистан веќе располага со производство на електрични возила. Петте домашни производители неодамна се здружија во асоцијација и во меѓувреме постигнаа значајни инвестиции, обично во партнерство со најголемите производители на автомобили.

Фабриките, погоните за монтажа и добавувачите во секторот на електричните возила и пратечката инфраструктура ќе бидат оданочени со 1%, место со редовните 17% во производството на обични возила. Покрај тоа, царината за увоз на техника за полначи исто така се смалува на 1%. Дополнително, Владата ќе ја намали цената на струјата за компаниите што ќе поставуваат мрежа од полначи за електрични возила, со цел да се поттикнат приватните инвестиции во инфраструктурата.

Возилата учествуваат со повеќе од 70% од емисијата на PM2,5 и PM10 во големите урбани средини во Пакистан

Државата ќе инсталира најмалку по една станица со брзи полначи со еднонасочна струја на секои 10 километри квадратни на територијата на сите поголеми градови. Планот е 3.000-те напуштени станици за метан да се пренаменат во станици за полнење струја. На автопатиштата, станица за струја ќе има на секои 15 до 30 километри.

Пакистан со амбициозната политика воедно ќе се „бори“ против високото 8-мо место на земјата според Индексот на ризик во долг рок на Germanwatch. Со овој индекс се прикажува обемот на штетите што ќе ги претрпат државите поради климатските промени.

Новата стратегија пристига во време кога пакистанските градови се светски шампиони во загаденоста, особено Лахор, Карачи, Фајсалабад и Пешавар. Загадениот воздух е причина за 135.000 смртни смучаи годишно и економијата ја чини 5,88% од БДП, односно 47,8 милијарди долари. Возилата учествуваат со повеќе од 70% од емисијата на PM2,5 и PM10 во големите урбани средини.

Пакистанска национална политика за електрични возила

Цели

Патнички автомобили: Продажбата на EV да достигне 30% до 2030 и 90% од продажбата на нови возила до 2040 година

Возила со 2 & 3 тркала: Продажбата на EV sales да достигне 50% до 2030 и 90% од продажбата на нови возила до 2040 година

Автобуси: Продажбата на EV sales да достигне 50% до 2030 и 90% од продажбата на нови возила до 2040 година

Камиони: Продажбата на EV да достигне 30% до 2030 и 90% од продажбата на нови возила до 2040 година

Даночни олеснувања

1% GST за електрични возила (место редовни 17%)

1% увозна царина за техника за полначи

Пониска тарифа на струја за станиците со полначи

Поддршка за сите гринфилд вложувања во производство на електрични возила и за фабриките што се префрлуваат на EV

Вложување во јавниот сектор

По една DC-станица со брзи полначи на површина од 3,3 х 3,3 километри квадратни во сите поголеми градови

DC-станици на сите автопати на 15-30 km

Останати субвенции

Народната Банка да понуди пониска стапка за финансирање за производители на EV


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

165
21 shares, 165 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *