156
20 shares, 156 points

Од автомобилите оставени на тротоар или во првата пригода што им се видела на возачите, денес во Битола висеа жолти балони. Оваа освестувачка глетка е наменета за надлежните и изведена е како герила акција, но елегантно и ефектно.

Битолчани само први го направија тоа што треба да се случи ширум цела Македонија. Многу фактори придонесоа за тоа паркирањето на автомобилите да прерасне во хроничен проблем во буквално сите поголеми градови кај нас. Тоа што погодува најмногу е непреземањето какви било мерки од страна на надлежните органи, со коишто барем би се ублажил проблемот со автомобилите кои се оставаат буквално каде што ќе се најде простор. Властите избираат да не ги санкционираат прекршоците, поради вечно чувствителната ситуација на политичката сцена, но тоа не го прикрива проблемот. Тој постои и се гледа.

Акција „ова не е паркинг“ како освестување за сите македонски градови

Жолтите балони закачени на неправилно оставените автомобили го постигнуваат токму тој ефект, да биде видлив обемот на проблемот. За сопствениците на овие автомобили, жолтиот балон го има истиот ефект како толпа луѓе да покажуваат со прст кон него. Станува збор за непријатност, нема никакво оштетување на возилата, ниту на средината, а воедно и трошокот е поднослив. Акција културна и цивилизирана, каква што прилега на градот на конзулите.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во соопштението се наведува дека „граѓаните секојдневно се соочуваат со проблеми кои го ограничуваат нивното движење и ја загрозуваат нивната безбедност“. Според активистите,

во изминатите неколку години, поради трендот на узурпацијата на тротоарите се предизвикуваат сé повеќе незгоди, а постарите граѓани, инвалидизираните лица, велосипедистите и децата сé почесто се обесхрабрени да се движат на одредени локации низ Битола.

Целта на акцијата е да се изврши притисок врз надлежните, односно општина Битола и МВР сериозно да се зафатат со решавање на проблемот и да ги вратат колите на улиците, а пешаците на тротоарите.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

156
20 shares, 156 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *