151
20 shares, 151 points

Osram го напушти долгогодишниот бизнис со техника за осветлување и во иднина ќе произведува диодни светла за автомобили и оптички полупроводници.

Производителот на техника за осветлување Osram го продаде својот традиционален бизнис со светилки и светлосни групи за најразлична примена. Нов сопственик е финансискиот инвеститор Stern Stewart Capital од Минхен. Огранокот под името Siteco е со седиште во Горна Баварија и произведува улично, тунелско, канцелариско и фабричко осветлување. Со околу 900 вработени, Siteco ја завршил ланската деловна година со промет од преку 200 милиони евра. Не се наведува цената по којашто е продаден огранокот Siteco.

Osram денес произведува првенствено диодни светла за автомобили и оптички полупроводници. Компанијата пред повеќе години се збогуваше со производството на жаречки светилки, што долго време беше нејзин главен бизнис. Меѓутоа, како производител на висока технологија, бизнисот на Osram не врвеше најдобро во минатите неколку месеци.

Автомобилската индустрија е главен потрошувач на производите на Osram и исто така се соочува со големи предизвици, првенствено поради трговскиот спор меѓу САД и Кина.

Со продажбата на Siteco продолжува трансформацијата на Osram во производител на висока технологија. Бизнисот со традиционалната техника за осветлување е во криза, главно поради брзите технолошки смени во браншата.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

151
20 shares, 151 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *