за

Осигурителите во Германија ќе ги намалуваат премиите за возила

Осигурителите во Германија ќе ги намалуваат премиите за возила
Осигурителите во Германија ќе ги намалуваат премиите за возила

Една од водечките осигурителни компании во Германија, ХУК Кобург, најави намалување на осигурителните премии за моторни возила, поради смалениот обем на сообраќај и значителниот пад во бројот на незгоди, во услови на кризата од корона.

Германската осигурителна компанија ХУК-Кобург моментно бележи значително намален број на сообраќајни незгоди во осигурувањето на моторни возила, поради ограничувањето на движењето и намалениот сообраќај во корона-кризата. Поради тоа, корисниците можат во иднина да очекуваат соодветно намалување на тарифата на осигурителните премии за моторни возила.

Во соопштението од компанијата стои: „И покрај тоа што намалениот обем на штети поради корона ќе може да се процени дури по завршувањето на деловната 2020 година, ХУК-Кобург ќе им дозволи на своите членови и клиенти да учествуваат во овој растоварувачки ефект. Во оваа вонредна ситуација од единствен вид, членовите и клиентите треба да им веруваат на своите осигурители.“

Во Македонија, осигурувањето на моторните возила се пресметува во зависност од силината на моторот. За патничко возило со моќност до 22 kW, премијата изнесува 3.414 денари (онлајн-калкулатор на Триглав). За возило со мотор чијашто моќност надминува 110 киловати, односно 150 КС, бруто премијата изнесува 10.294 денари. На овие вредности може да се пресмета и попуст до 50% при немање незгода. Премијата за стакло се движи од 1.700 до 6.900 денари, зависно од моќноста на моторот и за неа не важи попуст.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ЕУ може да ги одложи плановите за заштита на климата

ЕУ може да ги одложи плановите за заштита на климата

Тркачкиот болид на Шуми во Формула 3 се продава

Тркачкиот болид на Шуми во Формула 3 се продава