120
50 shares, 120 points

По близу две децении во постојана загуба, Opel конечно пишува црни бројки во финансискиот биланс. Оперативната добивка за лани изнесува 859 милиони евра. Тоа го соопшти францускиот концерн PSA, чијшто дел е Opel.

Некогаш загубарска марка на американскиот концерн General Motors, а денес марка за пример. Opel, заедно со британската сестринска марка Vauxhall, немаше забележано добивка уште од 1999 година. Дури и во периодот од август до декември 2017 беше направена загуба од 179 милиони евра. Тоа се првите месеци во кои финансиите на германската марка почнаа да се водат во концернот PSA, новиот сопственик на Opel.

Чистата заработка на PSA за лани изнесува 3,3 милијарди евра

Прометот на сите марки од групата, кадешто освен Peugeot и Opel спаѓаат уште Citroen и DS, изнесува 74 милијарди евра, што претставува золемување од 18,9 проценти. Од вкупниот проме, 18,3 милијарди евра отпаѓаат на Opel. Нето добивката на концернот PSA се зголеми за 40,4 проценти, на 3,3 милијарди евра.

opel norma wltp

Важен чекор за Opel ќе биде враќањето на рускиот пазар. PSA планира во следните години значително да ја зголеми продажбата на пазарите надвор од Европа. За таа цел, Opel ќе го освојува рускиот пазар, Peugeot ќе става посериозен нагласок на Северна Америка, додека на Citroen му преостанува Индија.

Opel се повлече од рускиот пазар во 2015 година, поради драстично намалување на продажбата во Русија. Во тоа време, марката уште му припаѓаше на американскиот концерн General Motors.

Opel Zafira, колку си пораснала!

Opel поставува 160 полначи за електромобили во Риселсхајм

Opel ја префрлува вината за дизел-аферата кај General Motors

Opel под истрага поради манипулација врз 95.000 дизели

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

120
50 shares, 120 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *