105
38 shares, 105 points

Opel има нова Zafira, поголема и попросторна од претходната, сосем поразлична. Големото комбе докажува дека ерата на семејните ванови заврши.

Првата генерација на Opel Zafira пред близу две децении беше еден од моделите што заедно со Renault Scenic го создадоа сегментот на семејните ванови во компакт класата. Со текот на годините, Zafira на моменти ставаше нагласок на луксузот, а на моменти експериментираше со додавање некаква спортска нота.

Денешната Zafira е сосем поразлична – таа стана големо комбе. Нејзините конкуренти отсега не се викаат Renault Scenic или Volkswagen Touran, туку Ford Transit и Volkswagen Transporter. Новиот модел всушност е наследник на Opel Vivaro, големиот транспортер на заедничка основа со Renault Trafic.

Некогашните семејни ванови масовно се заменуваат со големи транспортери

Поради популарноста на СУВ-моделите и кросоверите згаснаа цели сегменти, кои некогаш постигнуваа голем удел во продажбата на автомобилските марки. Вистинските ванови не исчезнаа само кај Opel, туку и кај останатите производители. Тие масовно се заменуваат со транспортери и минибуси, во коишто само се додаваат неколку „лимузински“ детали.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Новата Opel Zafira се нуди во три каросериски должини, со 4,60 метри, 4,95 метри или дури 5,30 метри. Намерата е на купувачите да им се понуди колку е можно повеќе простор. Големината на товарниот простор на Zafira Life, како што се нарекува патничката варијанта, се движи меѓу 1.500 и 4.500 литри.

Opel Zafira Life користи техника од францускиот PSA

Техниката пристига од концернот PSA, новиот „дом“ на Opel. Платформата е EMP2, истата што ја користат сите модели појавени меѓу Peugeot 308 во 2013 година и Peugeot 508 лани. Моторите исто така потекнуваат од Французите, односно од Peugeot Traveller и Citroen Spacetourer. Понудата ја сочинуваат 1,6-литарски дизел со 115 КС и дволитарски дизел со 150 или 180 КС.

Наскоро ќе следи и изведба со погон на сите тркала, а од 2021 година Zafira ќе вози и на струја. Транспортерот е достапен во изведби со пет до осум седишта. Може да се доплати и за кожен ентериер, исто како и за масажна функција во предните седиштата и четири кожени фотелји назад, широки по 48 сантиметри и со можност за соборување.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Внатрешниот живот се разликува драстично од тоа што го навестува надворешниот изглед на товарно комбе или минибус. Голем дисплеј од 7 инчи на допир не недостига, исто како и поврзување со мобилен телефон или дури и проекциски дисплеј за возачот.

Како алтернатива за старата Zafira повеќе може да послужи Opel Combo или некој од СУВ-моделите

Фановите на старата Zafira нема да најдат вистински заменик во новата генерација на моделот. Големото комбе сепак е премногу гломазно за со него секој ден да се патува низ градскиот метеж до работното место. Место тоа, Zafira Life ќе ги привлекува купувачите што бараат големо комбе, но цените на докажаните модели во тој сегмент им се превисоки.

Како замена за претходните генерации на Zafira би можел да послужи Opel Combo Life, како варијанта на Peugeot Rifter и Citroen Berlingo под знакот на германската марка. Купувачите што бараат разумно ниво на цени и шампионска противвредност, сепак може да проверат кај Dacia. Таму се нуди Dokker, за чиишто предности и квалитети можете да прочитате повеќе во нашата објава.

Opel поставува 160 полначи за електромобили во Риселсхајм

Opel ја префрлува вината за дизел-аферата кај General Motors

Opel го скусува производството во Риселсхајм на 35 возила на час

Bitter CD: Најдобриот „Opel“ на сите времиња

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

105
38 shares, 105 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *