183
23 shares, 183 points

Додека нашите власти уште немаат замисла како да ја реализираат идејата за субвенционирање – на стари возила (!) – Opel точно објаснува како функционира државната помош за купување електрични возила во Германија. Купувачите на електричната Corsa-e добиваат намалување на цената за повеќе од 4.000 евра.

Opel ќе има два модела со електрифицирана погонска спрега на претстојниот салон во Франкфурт (од 12-ти до 22-ри септември: Електрична Opel Corsa-e и плагин-хибриден Grandland X. Бидејќи двата модела спаѓаат во категоријата за којашто германските власти одобруваат субвенција, надлежбата Сојузна служба за економија и контрола на извоз, пред премиерата на двата автомобила потврди дека тие ги исполнуваат условите за субвенција.

Тоа е воедно сé што купувачите треба да знаат. Потврдата од Службата значи дека на секој купувач на Opel Corsa-e му следува субвенција, односно нема никаква неизвесност дали купувачот ќе се најде на списокот и дали можеби планираните средства ќе бидат исцрпени.

Половината од таканаречениот бонус за животна средина го покрива државата, додека останатата половина паѓа на товар на производителот на автомобилот: 4.000 евра за електрични, 3.000 евра за плагин-хибриди

Конкретно за Opel Corsa-e First Edition со 136 КС и исклучително богата опременост, редовната цена изнесува 32.900 евра со ДДВ. Субвенцијата од производителот во висина од 2.000 евра се одбива од нето-цената (27.647 евра), што дава 25.647 евра. На тоа се пресметува ДДВ во висина од 4.873 евра, со што цената доаѓа на 30.520 евра. Следи државната субвенција од 2.000 евра, односно цената на Corsa-e се намалува на 28.520 евра. Вкупната заштеда за купувачот изнесува 4.380 евра.

Субвенцијата од 4.000 евра важи за електрични возила. За хибридни возила со надворешно полнење (плагин-хибриди), бонусот изнесува 3.000 евра, при што државата и производителто повторно учествуваат со половина од сумата. На пример на Opel Grandland X Hybrid4 Innovation, со редовна цена од 47.880 евра, по одбивањето следи попуст од 3.285 евра.

Opel Grandland X Hybrid4

Некои сојузни покраини, како Северна Рајна – Вестфалија (уште 4.000 евра за службено возило) и некои општини, како градот Марбург (750 евра), имаат и дополнителни поволности за електричните возила.

Дополнително, за електричните возила не се плаќа данок на возило. За возила со бензински мотор, тој се пресметува со 2 евра за секои 100 сантиметри кубни работна зафатнина, односно со 9,50 евра по 100 cm3 кај дизели. На тоа дополнително се плаќаат по 2 евра за секој грам СО2 над дозволениот лимит зависно од годината на производство. Тоа може да чини многу.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

183
23 shares, 183 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *