151
29 shares, 151 points

Opel никогаш не бил премиум марка, но честопати се вмешувал успешно во највисоката автомобилска лига. Opel Senator е последниот голем модел од Риселсхајм што постигнувал солидни продажби и уживал висока почит. Пред четириесет години, тој пристигна како замена за уште една легенда на марката, тројката KAD.

Во годините кога светот уште не знаеше за нафтена криза, Opel буквално владееше во високата класа со моделите од славното трио KAD, односно Kapitan, Admiral и Diplomat. Кога дојде време за наследникот, пазарот беше сменет драстично. На местото на тешките и моќни крстосувачи со мотори V8, на крајот на летото во 1977 година пристигна Opel Senator, заедно со неговата купе-изведба Monza. Лимузината долга 4,80 метри доби „само“ шест цилиндри, а некогашните раскошни форми се претворија во елеганција.

Opel Senator доби мотори со „само“ 6 цилиндри и елегантна каросерија

Senator изгледаше „лесно“ покрај триото KAD. Купувачите не смееше да се преплашуваат со тешки лимузини, особено по нафтената криза. Под хаубата работеше релативно штедлив шестцилиндарец од три литри, со моќност од 180 КС. Во комбинација со комфорна опрема и значително подостапни цени од конкурентите, на успехот на Оpel Senator ништо не му го попречуваше патот.

Opel Senator A

Opel-Senator-1977

Opel Admiral B

Opel-Admiral

Opel Diplomat A (1967)

Opel-Diplomat-1967

Конкурентите во тоа време се викаа Renault 30, Peugeot 604 и Volvo 264. Сите го следеа истиот принцип: Надвор едноставно, внатре луксузно. Возачите повеќе не сакаа да бидат впечатливи и да се фалат со своите автомобили како статусни симболи. Но, Opel Senator успеа да постигне сензација. Иако не можеше да го прикрие сродството со моделот од средната класа Rekord, најголемиот модел на Opel ги напаѓаше Mercedes S-Class и серијата 7 на BMW. Продажбата врвеше фантастично.

Senator беше вистинска сензација на салонот во Франкфурт во 1977 година

Од изобилството нови модели од високата класа што беа прикажани на салонот во Франкфурт пред точно четири децении, единствено околу Senator се создаваа турканици. Публиката го обожуваше подеднакво и купето Monza, со долг застаклен опаш и со хромирана маска напред.

Opel Monza GSE

Opel-Monza-GSE

До стартот на продажбата мина половина година. Лимузината и купето беа особено ценети по мирната работа на моторите. Заслугата за тоа беше во хидрауличните држачи. Возењето исто така одушевуваше, ова беа првите модели на Opel со независно водење на задните тркала. Најголемата предност сепак беше во цената.

По првите шест месеци од 1979 година, Senator веќе покриваше една третина од германскиот пазар на модели од високата класа, речиси исто колку Mercedes S-Class. Monza беше неприкосновена во класата на престижните купеа. Opel во таа година постигна рекордна продажба, со близу еден милион возила.

По рецесијата Opel ја забележа првата загуба по војната

Но, тогаш следеше втората енергетска криза. Светот западна во рецесија, скапите автомобили повеќе не се продаваа, Opel ја забележа првата загуба по војната. Сите обиди на Риселсхајм за поттикнување на продажбата не успеаја. Во 1983 година беше извршен фејслифт, но најважната промена беше во воведувањето на четирицилиндарските бензинци и 2,3-литарскиот дизел.

opel-senator-facelift

Во меѓувреме наближуваше времето за наследникот. Втората генерација на Senator од 1987 година беше конструирана врз основа на Opel Omega, претставена претходната година. Продажбата и натаму стагнираше. Но, пазарот не мируваше. Audi напаѓаше во премиум сегментот со моделите 200 и V8, а моќни позиции на пазарот држеа и Volvo 760, Saab 9000, Alfa 164 и Renault 25.

Opel Senator B

Opel-History-9385_cr

Најголемиот удар сепак доаѓаше од слабиот квалитет на Opel, на когошто купувачите почнаа да се жалат уште во почетокот на 1980-те години. Omega имаше големи проблеми со квалитетот во првите години од производството, а Senator ја имаше таа несреќа што личеше премногу на проблематичниот модел од средната класа, па проблемот со неквалитетот потсвесно се пренесуваше и на Senator.

Моделот се произведуваше до 1993 година. Оттогаш Opel е без вистински модел во вишата класа. Автомобилот што имаше блескави години во првите години, ја заврши кариерата неславно. Во поглед на продукцијата, Opel Senator сепак успеа да го престигне легендарното трио Kapitan, Admiral и Diplomat.

Opel-Monza-1978

Opel-Senator-1978-2

Opel Senator 1981

opel senator 1981

Opel Diplomat B V8

Opel Diplomat V8 1976

Opel KAD, Generation B: Kapitan, Admiral, Diplomat

opel KAD-B


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

151
29 shares, 151 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730