157
20 shares, 157 points

Во развојниот центар на Opel се симулира возен парк како во 2035 година, со голем удел на електрични автомобили. Таму ќе се истражува како да се постави мрежа од полначи што ќе биде најоптимална за користење

Развојниот центар во седиштето на Opel во Риселсхајм станува лабораторија за тестирање на електричните автомобили во реални услови. Поточно, германскиот производител на автомобили, во соработка со Универзитетот Касел и две фирми што се специјализирани за изградба на мрежа од полначи, ќе истражуваат околу најоптималното поставување на електричната мрежа во иднина – имајќи ги предвид електричните автомобили како „нови“ потрошувачи.

opel ampera-e златен волан
Opel Ampera-e беше развиен во време на GM, неговите наследници ќе користат техника на PSA

Истражувањето ќе трае три години, со средства од Eвропскиот фонд за регионален развој. Задача на Opel е во својот развоен центар да постави интелигентна мрежа од полначи за електрични возила. Во Риселсхајм ќе се постават над 160 станици за полнење, коишто ќе бидат користени за сопствениот возен парк од електрични возила на Opel.

Целта е со реални податоци да се направат симулации на неколку различни сценарија и сознанијата да се искористат за поставување на мрежа што најдобро ќе им служи и на корисниците и на операторите.

Четири електромобили на Opel до 2020 година и по еден модел со електрифицирана спрега во секоја моделска серија до 2024 година

Проектот е дел од планот Pace, којшто меѓу другото треба да му обезбеди водечка позиција на Opel во електромобилноста. До крајот на 2020 година, марката под знакот на молњата – колку добра симболика има во тоа! – ќе нуди четири модели со погон на струја. До 2024 година, во секоја моделска серија на марката ќе има по еден модел со електрифицирана погонска спрега.

Opel полначи во риселсхајм

Во центарот за тестирање во Дуденхофен исто така е присутен електричниот погон, барем посредно. Таму е инсталиран модуларен акумулатор за електрична енергија, кој е составен од стари батерии од Opel Ampera. Овие батерии имаат намален капацитет од првичниот и поради тоа не може да се користат во автомобил, но затоа се одлични како стационарен извор на струја. Целта на оваа станица во Дуденхофен е стабилизирање на напонот при прекумерно оптоварување на мрежата. Акумулаторската станица се состои од 18 батерии од Opel Ampera, со вкупен капацитет што е доволен за четиричлено домаќинство еден месец да се снабдува со електрична енергија.

Opel ја префрлува вината за дизел-аферата кај General Motors

Opel укинува три модели, воведува струја

Opel под истрага поради манипулација врз 95.000 дизели

Сите модели на Opel се префрлени на новата норма WLTP


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

157
20 shares, 157 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *