за

Оваа дама ќе извози 1.200 km на мускули – за еден ден

opel рекорд никола валде

Opel пред сто години беше најголем производител на велосипеди во светот. Марката сега ќе учествува во освојувањето на уште една светска титула, како спонзор на велосипедскиот потфат што претстои на крајот на неделава

Досега никој не успеал да помине растојание поголемо од 1.219 километри за еден час, користејќи ја единствено силата на мускулите. Тоа може да се смени на крајот на неделава. Никола „Ниси“ Валде ќе се обиде да постави нов светски рекорд во тест-центар на Opel во Дуденхофен. Таа има на располагање лежечки велосипед со три тркала, со комплетна облога околу него. Крајната брзина: Околу 90 km/h.

opel рекорд никола валде 1

Атлетичарката на 44-годишна возраст ќе го урива и рекордот на 24 часа за дами (1.012 km) и рекордот за мажи (1.219 km). Германката уште пред три години извозе рекордно време во категоријата на возила со човечки погон на 12 часа.

Електричен Opel Ampera-e ќе ја следи потенцијалната рекордерка во нејзините 24 часа на брзинската патека

Во остварувањето на потфатот помага и Opel. Марката ја става на располагање 4,8-километарската брзинска патека, а покрај тоа обезбедува и сервисно возило Ampera-e коешто ќе ја следи Ниси во нејзините 24-часови по патеката.

opel рекорд никола валде 2

Opel има длабоки корени во велосипедизмот. Петте синови на основачот Адам Опел и самите биле успешни спортисти. Позната е сликата на петте браќа покрај петоседот, таканаречениот квинтупле. Првите велосипеди под знакот на Opel се појавуваат уште во 1886 година. Во првата половина на 1920-те години, Opel е најголем производител на велосипеди во светот. Во 1936 година, бизнисот го презеде NSU во Некарсулм. За половина век беа произведени 2.621.965 велосипеди со логото на Opel.



Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fiat серџо маркијоне

Почина Серџо Маркијоне, човекот што ја поправи италијанската автоиндустрија

Mercedes-AMG C 63 5

Mercedes-AMG C 63 прави секое возење да е слава