134
18 shares, 134 points

На салонот ИАА во Франкфурт во септември. Opel првпат ќе ги прикаже пред пошироката публика новата генерација на Corsa, заедно со нејзината електрична изведба, како и освеженото моделско годиште на Astra и верзија на Grandland X со плагин-хибриден погон.

Opel ќе има три светски премиери на еден од најважните салони на авотмобили во светот, на ИАА во Франкфурт (од 12-ти до 22-ри септември). На штандот ќе дебитираат новата генерација на Opel Corsa, плагин хибридната изведба на СУВ-моделот Grandland X и освеженото моделско годиште на Opel Astra. Тоа што најмногу ќе го привлекува вниманието на публиката секако ќе биде електричната e-Corsa, реално способна да извози до 330 километри со едно полнење.

Втората премиера е исто така на тема електромобилност, со Grandland X Hybrid4. Благодарение на вториот електромотор што работи на задната оска, СУВ-моделот првпат ќе вози со погон на сите тркала. Погонската спрега се состои од 1,6-литарски турбо бензинец и два електромотори, кои заедно даваат системски 300 КС. Според посебната норма за хибридни возила, Hybrid4 троши 1,6 литар гориво на сто километри – откако прво ќе ги извози 52-та километри со полна батерија.

Opel Grandland X Hybrid4

Третиот новак во Франкфурт е Opel Astra, со преработена аеродинамика, комплетно нови мотори и неколку нови менувачи. Новиот 1,2-литарски турбо бензинец со 130 КС има за 21% смалена емисија на СО2 во споредба со претходникот, односно според норма троши 5,3 литри на сто километри.

Opel Astra 2020 model
Opel Astra

Настапот на Opel пред публиката на најголемиот автомобилски пазар во Европа ќе го комплетира Opel Zafira Life, која што го задржа само името од претходникот, но има комплетно различен концепт. Лесното доставно возило, во случајов во патничка изведба, ја дели техниката со сродните модели на PSA и Toyota.

Opel Zafira Life


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

134
18 shares, 134 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *