за

Седиштето на Peugeot во Германија се сели кај Opel во Риселсхајм

Opel Peugeot Риселсхајм
Opel Peugeot Риселсхајм

Вработените во Peugeot, Citroen и DS во Германија се селат од Келн во Риселсхајм, во градот на Opel.  Во седиштето на германската марка се има ослободено многу канцелариски простор, откако започна реорганизацијата по преоѓањето под францускиот концерн.

Германската централа на Peugeot си заминува од Келн и се преселува во седиштето на Opel, во Риселсхајм. Менаџерите на PSA решија трите марки Peugeot, Citroen и DS да се обединат во заедничка централа за германскиот пазар, и тоа токму кај Opel. Банката преку којашто PSA ги опслужува своите германски клиенти исто така ќе се пресели од градот Ној Изенбург во Риселсхајм.

Поради обемното преструктурирање во Opel, огромен канцелариски простор стои празен во Риселсхајм. Според шефот на германската марка, Михаел Лошелер, „обединувањето на сите активности на PSA во Германија, покажува дека Opel веќе претставува важен составен дел од групацијата.“ Браќата Опел пред 120 години ја основаа марката под своето презиме во Риселсхајм.

Последното селење на германската централа на Peugeot беше пред само шест години

Во француските марки на PSA во Германија моментно работат околу 180 лица. Преселувањето од Келн во Риселсхајм е голема промена за овие луѓе и за нивните семејства. Пред само шест години, Peugeot се пресели од Зарбрикен во Келн, каде што беше и тогашната германска централа на Citroen. Голем дел од вработените одбија да заминат во градот покрај Рајна. До крајот на 1920-те години, Citroen произведуваше автомобили во Келн. За обединувањето на седиштата на Citroen и Peugeot во 2013 година беше изграден модерен и скап комплекс.

Opel Corsa стартува со електричната изведба, дизели и бензинци малку подоцна

Opel Grandland X со три „мотори“ и 300 КС

Opel Grandland X со специјална понуда за македонскиот пазар

Opel Combo со погон 4×4 по специјална нарачка

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

honda civic type overland

Honda Civic Type R еднаш со 400 КС, еднаш како рели-машина

Fiat и Renault преговараат за соработка