за

Opel ја префрлува вината за дизел-аферата кај General Motors

opel sediste riselshajm

Менаџерите на Opel деновиве се релаксирани околу можните последици од дизел-аферата. Според новиот сопственик PSA, одговорноста паѓа на претходникот, General Motors

Германскиот производител Opel нема да потроши ниту евроцент, доколку судовите донесат одлука за отштета на сопствениците на возилата со дизел мотор. Трошоците ќе мора да ги покрие претходниот сопственик на Opel, американскиот General Motors.

Автомобилската марка, којашто во август 2017 беше преземена од францускиот концерн PSA, смета дека претходниот сопственик е одговорен за секакви манипулации околу пречистувањето на издувните гасови. Во продажниот договор е утрдено дека Американците се одговорни за сите автомобили што биле развиени под нивно владеење.

opel norma wltpИстрагата во Opel официјално започна во понеделникот, кога истражните органи на Државното Обвинителство во Франкфурт влегоа во деловните простории на производителот во Риселсхајм и Кајзерслаутерн заради претрес. Сојузната служба за моторен сообраќај поднесе пријава, поради „сомневање за измама, поради пуштање во сообраќај на дизел возила со манипулиран софтвер за издувните гасови“.

Конкретно станува збор за четири моделски серии, со мотори што ја задоволуваат нормата Еуро 6. Евентуалниот сервисен повик ќе опфати близу 100.000 возила. Opel и натаму порекнува дека вградувал недозволени уреди за контрола на издувните гасови постарите дизел мотори. Производителот ќе се брани против таквите обвинувања.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Tesla Model 3 poevtina izvedba

Tesla планира поевтина изведба на Model 3

плазмализа горива од отпадни води

Научници произведуваат горива од отпадни води