за

Сите модели на Opel се префрлени на новата норма WLTP

opel norma wltp

Сите модели и моделски изведби на Opel остануваат во понудата и по 1-ви септември. Преоѓањето на новиот циклус WLTP мина безопасно за Opel, што не е случај кај сите марки

Од први септември, сите новорегистрирани автомобили во ЕУ мора да поседуваат сертификат дека нивната потрошувачка на гориво и емисијата на штетни материи се тестирани според новата норма WLTP. Кратенката доаѓа од World Harmnized Light Vehicle Procedure и оди во корист на потрошувачите, затоа што мерењата според новата норма покажуваат вредности што се многу поблиску до реалноста.

Тоа што се покажа како вистински кошмар за некои производители, кај Opel мина без последици и без скусување на одредени модели од понудата. Сите модели на марката од Риселсхајм се „WLTP-ready“, од најмалечкиот Adam, до семејниот ван Zafira. Тоа се однесува на сите модели со бензински или дизел мотор, со погон на автогас или на метан.

Производителите имаа повеќе години на располагање да се подготват за WLTP: Opel се подготви

Производителот соопштува дека се подготвувал повеќе години наназад за преоѓањето на новиот тест-циклус WLTP, за да нема ограничувања за купувачите. Поради тоа, по 1-ви септември, ништо не се менува во понудата од модели на Opel. Тоа е речиси исклучок во браншата, затоа што веќе од следниот месец, многу модели од другите марки ќе исчезнат од понудата.

Opel започна да ги подготвува своите модели за WTLP-циклусот уште во јуни 2016 година, со актуелната Astra. Податоците беа обезбедени и при моделското освежување на Opel Mokka X и Opel Zafira. За втората генерација на знаменосецот Insignia, Opel направи чекор понапред и уште во средината на минатата година ја сертифицираше Insignia 2.0 BiTurbo-Diesel според новата норма.

Циклусот на возење според новата норма WLTP

Преоѓањето на реални вредности за потрошувачката и емисијата на штетни материи не беше само логистика, туку се извршија и соодветни технички модификации, коишто сепак се рефлектираат и во цената на возилото. Дизелите на марката располагаат со таканаречен SCR-катализатор (селективна каталитичка редукција) и со впрскување AdBlue, заради ефикасно намалување на емисијата на азотни оксиди. Бензинците со директно впрскување поседуваат филтер за честички гареж (GPF или Gasoline Particulate Filter).

Лабораториските мерења според WLTP се состојат од четири делови со различни просечни брзини: Бавно, просечно, брзо и многу брзо возење. Секој дел содржи различни фази со возење, мирување, забрзување и сопирање.

Аеродромот Бранденбург стана паркиралиште на Volkswagen

Производителите со нова серија измами околу издувните гасови

Вака ќе ја пресметате вистинската потрошувачка на гориво

Производителите на тешки маки поради новите мерења на потрошувачката

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes EQC najava premiera

Електричниот Mercedes EQC со светска премиера на 4-ти септември

Ferrari 250 GTO на наддавањето во Монтереј

Топ 10 Најскапи автомобили на наддавањето во Калифорнија