за

Opel Mokka ќе се произведува дополнително и во Шпанија

Поради големиот интерес за малечкиот спортски теренец на Opel, марката планира наскоро да почне со дополнително производство во фабриката во Сарагоса.

До крајот на оваа недела шефовите ќе решаваат дали изненадувачки успешниот модел на техничка основа на Corsa ќе се произведува и во фабриката во Североистокот на Шпанија. Моментно таму се произведуваат Corsa и миниванот Meriva. Малечкиот теренец Mokka е еден од најголемите надежи за спас од кризата на Opel. Сегментот во кој што се продава моделот што воедно е технички близнак со Chevrolet Trax е еден од ретките што и натаму бележат раст во продажбата на европскиот пазар. Затоа производителот не смее да дозволи да дојде до тесно грло во производството, поради големиот интерес за моделот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рекордни продажби на Audi и BMW

Сте го провериле клима уредот скоро?