125
17 shares, 125 points

Марката Opel доби задача, како дел од концернот PSA да освои повеќе од 20 нови извозни пазари до 2022 година. Еквадор и Колумбија се некои од тие пазари, кадешто Opel не се продаваше официјално додека му припаѓаше на концернот General Motors.

Opel го проширува своето присуство на пазарот во Јужна Америка и летово ќе започне со продажба на своите модели во Колумбија и Еквадор. Според соопштението од германската марка, што веќе неколку години припаѓа во концернот PSA, Opel потпишал договори со реномираните увозници SK Berge и Nexumcorp, коишто ќе станат ексклузивни дилери на марката за колумбискиот, односно еквадорскиот пазар“.

Четири модели ќе им бидат достапни на купувачите во латиноамериканските држави: СУВ-моделите Crossland X и Grandland X, како и доставните возила Combo Cargo и Vivaro. По кусо време ќе следи и бестселерот на Opel, Corsa.

Шефот на марката, Михаел Лошелер, цени дека „Колумбија и Еквадор ни се мошне интересни пазари, што ни даваат дополнителен импулс. Секако дека ќе ни биде од голема помош тоа што стартуваме како германска марка. Германскиот инженеринг и квалитетот се ценат и во Јужна Америка.“ Првиот човек на Opel очекува марката да профитира и од постоечката продажно-сервисна мрежа на PSA, како и од добрата продажба на марките што припаѓаат на францускиот концерн.

Марката Opel ќе стартува на повеќе од 20 нови пазари до 2022 година

Агресивното освојување на нови извозни пазари е дел од стратегијата „Pace“, чијашто цел е компанијата да постави основа за долготрајна профитабилна работа. Планот е десет проценти од вкупната продажба на Opel до средината на деценијата да се постигнат на пазарите надвор од Европа. За таа цел, Opel го зајакнува своето присуство на извозните пазари во Азија, Африка и Јужна Америка, на коишто марката и досега беше присутна. Дополнително, до 2022 година треба да се освојат повеќе од 20 нови извозни пазари. Opel неодамна го одбележа враќањето на рускиот пазар.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

125
17 shares, 125 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *