Opel започна соработка со компанијата Lubinski, којашто веќе им ги нуди моделите од германската марка на возачите во Израел. Увозникот има долга и успешна традиција во Израел, како дилер на останатите марки од групацијата PSA, односно Peugeot, Citroen и DS.
Со новиот дилер, Opel очекува значително зајакнување на пазарното присуство на марката во земјата. Opel во минатата година продал околу 3.000 возила на израелскиот пазар. Меѓу најпродаваните модели се Crossland X и Grandland X.
Планот на Opel е продажбата на прекуокеанските пазари да се зголеми двојно до 2020 година. До средината на следната деценија, повеќе од 10 проценти од вкупната продажба на Opel треба да се постигнуваат надвор од европските пазари. За таа цел, до 2022 година ќе се стартува на нови 20 извозни пазари. Враќањето на Opel на големиот руски пазар се очекува веќе годинава.
0 Comments