за

Opel го скусува производството во Риселсхајм на 35 возила на час

Во матичната фабрика на Opel повторно ќе се скусува продукцијата, јавува германскиот економски дневник „Ханделсблат“. Место 42 возила, во Риселсхајм ќе се произведуваат само 35 возила на час

Германскиот „Ханделсблат“ објави дека Opel повторно ќе ја скуси продукцијата во фабриката во Риселсхајм. Според економскиот дневник, часовната продукција ќе се скуси од сегашните 42 на 35 возила. По неодамнешното завршување на летните одмори, менаџментот веќе ја намали часовната продукција од 55 на сегашните 42 возила.

Како што понатаму објавува дневникот, дополнително се планира производствените линии во главната фабрика на Opel да мируваат комплетно во времетраење од 7 денови, во периодот меѓу 1-ви и 29-ти октомври.

Opel Insignia и Zafira Tourer спаѓаат во сегментите што бележат намалување на продажбата

При актуелните состојби на пазарот, драстичното смалување на производството на Opel не треба да е изненадување. Во фабриката во Риселсхајм се произведуваат Insignia и Zafira Tourer. Двата модела спаѓаат во пазарни сегменти коишто повеќе не се интересни за купувачите и продажбата нагло опаѓа. Наспроти тоа, пазарот останува ненаситен за СУВ-модели од сите големини и видови. Дополнителен проблем е тоа што на Zafira веќе ѝ се познаваат годините.

Opel Ники Валде, рекорд 1
Ники Валде успеа: 1.088 километри со велосипед за 24 часа

Opel Insignia и Opel Zafira се модели што се развиени во времето на GM. Германската марка во 2017 година премина под покривот на PSA. Оттогаш е подобрена ситуацијата во марката и наводно се постигнува и оперативна заработка. Француските сопственици сепак негодуваат за тоа што ефикасноста во фабриките на Opel е пониска во споредба со фабриките на PSA.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ауто мотор унд спорт Аутонис 2018

Читателите на „ауто мотор унд шпорт“ гласаа за најубав автомобил

Chery TX centar Germanija

Chery ќе го раководи нападот на европскиот пазар од Германија