107
18 shares, 107 points

Овој студиски автомобил наречен Opel GT X Experimental е важен за марката, затоа што го поставува стилскиот шаблон што ќе го следат сите нејзини идни модели. Уште поважно, тоа е идната Mokka

Opel GT X Experimental е студиски автомобил без премногу футуристички ветувања, со компактни димензии, електричен погон и каросерија во стил на купе-теренец. Стилот што го создаваат неговите линии ќе се повторува и кај идните автомобили под знакот на Opel. Овој GT X го прикажува новиот дизајнерски правец на марката.

Дизајнерите го водат новиот стил како „New Germanness“. Во него се содржани традиционалните германски доблести, како инженерингот, прецизноста, функционалноста, квалитетот и издржливоста. „New“ се однесува на комбинирањето на овие вредности со емоции.

Некои од „студиските“ идеи во Opel GT X Experimental би сакале конечно да ги видиме во серија

Габаритите се 4,06 х 1,83 х 1,53 метар, а меѓуоскиното растојание е мошне дарежливо со 2,63 метри. Вообичаено за студиските автомобили, вратите се отвораат спротивно една од друга, нема средишен столб, а ветробранот и покривот се практично еден дел. Убав ефект постигнуваат вратите без рамки, затоа што предното и задното стакло повторно создаваат впечаток како да се еден дел. На тој начин уште повеќе се нагласува купе-линијата.

Opel GT X Experimental 1

Купе-теренецот што во иднина ќе се позиционира меѓу Crossland X и Grandland X е сосем сигурно дека ќе ја користи платформата CMP на концернот PSA, исто како и сите идни модели на Opel (и Peugeot, Citroen, DS) од сегментот на Corsa и Astra. Во студијата работи електричен погон, иако нема двоумење дека и во идната Mokka ќе продолжат да работат мотори со внатрешно согорување. „Талентот“ на платформата CMP е во тоа што може да вдоми и конвенционални мотори и електричен погон.

Камерите место класични ретровизори се на добар пат да станат сериска реалност

Каросеријата е лакирана во заштитните бои на Opel, односно во сива, црна и жолта боја. Ретровизорите се заменети со мали камери, коишто се поставени на краевите на хаубата. Малечки диоди во праговите ја покажуваат наполнетоста на батеријата.

Opel GT X Experimental 4

Должината на возилото од нешто повеќе од четири метри не би требало да буди сомнежи дека станува збор за идната Mokka. Со порационално искористување на просторот ќе се постигне серискиот GT X да располага со исто толку простор колку актуелниот СУВ-модел. Неговиот наследник може да се очекува кон крајот на 2020 или почетокот на 2021 година.

Единствените копчиња се оние за безбедносните трепкачи, за светлата и за отворање на касетата пред совозачот

Во кокпитот уште повеќе се забележува дека станува збор за студиски автомобил. Како што налага трендот, нема копчиња и прекинувачи, седиштата изгледа како да „лебдат“, а всушност се прицврстени странично на средишниот тунел. Од сите овие екстраваганции кои се добредојдени, речиси ништо нема да преживее за серискиот модел.

Opel GT X Experimental 3

Огромниот заоблен дисплеј „Pure Panel“ уште не може да се реализира во големосериско производство. Opel повеќе сака да укаже на тоа дека големите дисплеи што покриваат половина од кокпитот ќе станат реалност и во неговите идни модели. Проекцискиот дисплеј веќе одамна не е музика од иднината.

Класично местење на седиштата не постои. Место тоа, камера во воланот ја регистрира позицијата на очите на возачот и соодветно ги мести седиштата, зависно од тоа кој седи зад воланот.
Меѓу седиштата се наоѓа централен контролер за ракување со сите фунции во кокпитот. Тоа е новитет во Opel и може да се претпостави дека марката во иднина ќе го користи принципот на ракување преку дисплеј на допир и централен контролер, чисто заради разликување од француските модели.

Opel GT X Experimental донесува „визир“ и „компас“ во дизајнот на идните модели од Риселсхајм

Новиот дизајн е карактеристичен по двете линии што се вкрсуваат во знакот на марката. Дизајнерите го нарекуваат тоа „компасот на Opel“. Наспроти тоа, попречната линија во дизајнот се нагласува со јасно видливиот раб по должината на хаубата. Во хоризонталната линија се позиционирани диодни дневни светла со крилеста форма.

Opel GT X Experimental 2

Главните светла, дневните светла, камерите, сензорите за системите за асистенција и логото на Opel се врамени во „визир“. Тој потсеќа на визир на мотоцикл и ќе се користи во сите идни модели на марката.

За електричната погонска спрега се наведува единствено капацитетот на литиум-јон батеријата од 50 киловатчасови, којашто може да се полни и по пат на индукција. Дизајнерите замислиле Opel GT X Experimental да вози автономно на ниво 3. Тоа значи дека возилото може самостојно да управува во сите патни сценарија, но возачот мора секогаш да биде подготвен да интервенира.

На крај, за името: Комбинцијата од Opel и GT асоцира на еден од највпечатливите автомобили во историјата на марката. Чистокрвните купе автомобили денес не се бараат. Затоа, GT X.

Bitter CD: Најдобриот „Opel“ на сите времиња

PSA го менува дизајнот на Opel да не личи со Buick

Opel по мера како Rolls-Royce: Лакирање во боја по желба


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

107
18 shares, 107 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743