за

Opel GT спортуваше уште пред Manta и Calibra

Opel GT 50 godini

Кон крајот на 1960-те години светот уште ги сакаше спортските автомобили. Техниката имаше напредувано далеку во споредба со моделите од претходната декада, кои уште користеа техника од пред војната. Нафтената криза уште не беше на повидок, автомобили со силен карактер и моќни мотори беа достапни за широк круг купувачи. И патиштата не беа преоптоварени. Автомобилите „летаа“.

Еден модел на Opel сепак сакаше да остане приземен. „Само летањето е поубаво.“ Рекламниот слоган за Opel GT е класика. Светот ја разбра пораката. Opel порачуваше дека во овој автомобил може вистински да се ужива во возењето. И, луѓето уживаа.

Opel GT требаше да биде само дизајнерска студија за „проба“ пред публиката

Кариерата на Opel GT не започна пред 50, туку пред 53 години. А, таа започна спектакуларно. На салонот во Франкфурт во 1965 година, марката од Риселсхајм претстави спортски двосед, со заводлива форма на каросеријата, низок нос со преклопливи светла, испакнати крила и остро пресечен опаш. Тоа беше нешто сосема ново за европскиот автомобилски дизајн.

Opel GT istorija 1

Формата на спортскиот автомобил силно потсеќаше на шише кока кола. Неговото име беше „Experimental GT“, првото концептно возило изработено од германски производител. Необичниот дизајн беше дело на тимот на Ерхард Шнел, кој создаваше во новоизграденото „стајлинг студио“ во Риселсхајм. Тоа исто така беше прв дизајнерски центар на автомобилски производител во Европа.

Ерхард Шнел се присеќа дека создавањето на Experimental GT било чувано како врвна тајна: „Мојот шеф ништо не им откриваше на директорите. Кога студијата беше при крај и постоеше можност таа да се прикаже на ИАА во Франкфурт, моравме да ги информираме претпоставените. Бевме мошне загрижени при првата интерна презентација на Experimental GT. Голем камен ни падна од срце, откако господата почнаа да аплаудираат.“

По три години од премиерата на Experimental GT следеше и серискиот модел

Исто реагираа публиката и медиумите. Во тоа време никој не очекуваше дека Opel ќе претстави толку необичен спортски автомобил. Најголемо одушевување предизвика храбриот дизајн. Немаше двоумење за директорите. По шест години од првите дизајнерски скици и по само три години од премиерата на концептниот автомобил на ИАА, Opel GT беше на пат да стане сериски автомобил.

Opel GT istorija 2

Во 1968 година, од производствените ленти се симна првиот Opel GT. На тоа претходеше беспоштедно тестирање во новиот центар на Opel во Дуденхофен. Во производството на автомобилот учествуваа и Французите. Каросериските работилници Chausson и Brissoneau & Lotz го презедоа пресувањето на каросериската ламарина и заварувањето, како и лакирањето и опремувањето на внатрешноста. Во Германија се вршеше монтажа на компонентите од подвозјето и на моторот.

Купувачите избираа меѓу два мотори. Едниот беше 1,1-литарски четирицилиндарец со 60 КС, вградуван во Kadett, додека вториот мотор беше 1,9-литарец со 90 КС, познат од Rekord. Повеќето купувачи се решаваа за посилниот модел GT 1900, кој со крајната брзина од 185 km/h и забрзувањето до сто за 11,5 секунди ги исполнуваше очекувањата на спортските возачи. Моќта се пренесуваше до задните тркала преку четиристепен менувач. Само малкумина се решаваа за опцијата на тристепен автоматски менувач. Соодносот беше сосема различен од другата страна на океанот.

Дизајнот на серискиот модел се разликуваше драстично од концепниот автомобил, но во позитивна смисла. Предниот дел изгледаше моќно и не беше толку силно издаден пред оската. Отворите за снабдување со воздух или „ноздрите“, овозможија предниот дел да биде понизок. Правоаглестите преклопливи светла од концептниот автомобил беа заменети со тркалезни „подзаспани очи“. Сето тоа му даваше препознатлива појава на спортското купе.

Инженерите не успеваа да го маскираат Opel GT при тестирањето, формата беше премногу препознатлива

Со неколку корекции во каросериската форма беше подобрена и аеродинамичноста. Карактеристичниот завршеток на опашот не бешее само стилско обележје, туку повеќе служеше да го задржи Opel GT на земја, различно од рекламниот слоган. Токму карактеристичната силуета на спортското купе им предизвикуваше големи проблеми на инженерите за време на пробните возења. Opel GT не можеше да остане незабележан и беше лесен плен за фотографите, кои редовно ги снабдуваа медиумите со ексклузивни кадри со „мистериозниот“ нов модел на Opel. Не помогна ниту класичното маскирање.

Opel GT istorija 9

Емоциите што ги предизвикуваше надворешниот дизајн тешко се смируваа по отворањето на вратите. Со беспрекорен концепт на спортски автомобил, германскиот GT нудеше школкасти седишта, трикрак волан и тогаш модерни тркалезни инструменти. Конструкторите внимаваа и на безбедноста. Со безбедносни ремени со три точки, интегриран заштитен кафез и заштита од страничен судир, цврста патничка кабина, зглобен управувачки столб и цела низа други детали, GT поставуваше високи стандарди во безбедноста.

Сето ова стилско убедување имаше смисла, затоа што овој Opel возеше мошне спортски. Со ниското тежиште, ниската тежина, крутата каросерија и одличното подвозје, GT постигна бројни успеси на трките во издржливост во 1970-те години, а автомобилот често се возеше и во купот на Opel на Нирбургринг.

Opel GT istorija 14

За достоинството на спортскиот автомобил да биде уште поголемо, др. Георг фон Опел, внук на основачот на фирмата, во 1971 година изведе електрична верзија од Opel GT. Таа постигна крајна брзина од 189 километри на час и повеќе светски рекорди.

Во 1972 година беше изработен и тркачки прототип на Opel GT со дизел мотор, којшто постави два светски и 18 интернационални рекорди на брзинската патека во Дуденхофен. Крајната брзина по 1.000 метри и при летечки старт изнесуваше 197 km/h, што беше сензација за дизел погонот во тоа време.

Дизајнерот Ерхард Шнел, се присеќа на кабриолет изведбата: „Целиот зафат не требаше да чини прескапо. Затоа, на автомобилот што првично беше замислен како кабриолет, едноставно му го отсековме покривот.“

Во 1969 година, љубителите на возењето на отворено го видоа својот сон на јаве. Opel на салонот во Франкфурт го претстави Aero GT, со задно стакло што се спушташе со помош на електромотор и со отстранлив покрив. Но, отворената верзија на Opel GT не доживеа сериско производство.

Opel GT istorija 12

Тоа воопшто не го намали успехот на спортскиот модел на Opel, кој се продаваше одлично до завршетокот на производството во 1973 година. Со моќниот мотор, дизајнот што побудува емоции и со цената за основниот модел од 10.767 германски марки, GT ги надмина очекувањата и на купувачите и на продавачите. За само пет години се произведоа 103.463 примероци.

На сцената на олдтајмери е мошне раздвижено околу Opel GT. Покрај квалитетите на самиот автомобил којшто ги привлекува ентузијастите, за тоа придонесува и фактот што одговара голем број делови од останатите модели на Opel, барем што се однесува до погонската спрега и до подвозјето.

Фотогалерија · Opel GT

[tie_slideshow]

[tie_slide]

Opel GT istorija 1

[/tie_slide]

[tie_slide]

Opel GT istorija 2

[/tie_slide]

[tie_slide]

Opel GT istorija 4

[/tie_slide]

[tie_slide]

Opel GT istorija 5

[/tie_slide]

[tie_slide]

Opel GT istorija 6

[/tie_slide]

[tie_slide]

Opel GT istorija 7

[/tie_slide]

[tie_slide]

Opel GT istorija 8

[/tie_slide]

[tie_slide]

Opel GT istorija 9

[/tie_slide]

[tie_slide]

Opel GT istorija 10

[/tie_slide]

[tie_slide]

Opel GT istorija 10

[/tie_slide]

[tie_slide]

Opel GT istorija 12

[/tie_slide]

[tie_slide]

Opel GT istorija 13

[/tie_slide]

[tie_slide]

Opel GT istorija 14

[/tie_slide]

[tie_slide]

Opel GT istorija 15

[/tie_slide]

[tie_slide]

Opel GT istorija 16

[/tie_slide]

[tie_slide]

Opel GT istorija 17

[/tie_slide]

[tie_slide]

Opel GT istorija 18

[/tie_slide]

[tie_slide]

Opel GT istorija 19

[/tie_slide]

[tie_slide]

Opel GT istorija 21

[/tie_slide]

[/tie_slideshow]

Технички податоци · OPEL GT 1900

Opel GT 1900

Период на производство

август 1968 до јули 1973

Мотор

Надолжно вграден, четири цилиндри во линија

Пречник х од [mm]

93,0 x 69,8

Работна зафатнина [ccm]

1897

Моќност [kW (KC) / min]

66 (90) / 5100

Вртежен момент [Nm / min]

149 / 2800

Степен на компресија

9,5:1

Напојување со гориво

Регистарски карбуратор, Solex 32/32 TDID

Број на лежишта на коленесто вратило

5

Капацитет на систем за ладење

6 литри

Количина на масло во мотор

3,5 литри

Електрика

Алтернатор 12 V / 35 A, акумулатор 44 Ah

Пренос на сила

Мануелен менувач со четири степени

Погон

Назад

Предна оска

Независно водење со две триаголни водилки со различна должина, попречни листести пружини, амортизери

Задна оска

Со централен зглоб (крута оска), спирални пружини, амортизери

Меѓуоскино растојание [mm]

2431

Ширина на трага напред / назад [mm]

1278 / 1254

Димензии Д х Шх В [mm]

4113 х 1580 х 1225

Празно возило [kg]

940

Дозволена тежина [kg]

1160

Крајна брзина [km/h]

185

0-100 km/h [s]

11,5

Потрошувачка на гориво [L/100 km]

12,5 Super

Резервоар [L]

55

Шефот на PSA ќе заработи уште милион евра од купувањето на Opel

Opel комплетно се префрлува на техниката на Peugeot

Opel Senator пред 40 години им ги мрсеше конците на Mercedes & Co

Кои се добавувачите на компоненти за: Opel Insignia

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

самовозечки минибуси франкфурт

Самовозечки минибуси за студентите во Франкфурт

renault zoe електричните автомобили

Почнува големиот пробив на електричните автомобили