162
34 shares, 162 points

Кога чешаат очите и тече носот, тоа може да биде алергиска реакција на полен. Посебен филтер се вградува сериски или како опција во некои модели, а секако дека тој може да се вгради и отпосле. Opel стандардно вградува такви филтри во новите модели. Неколку совети од експертите во германската марка.

Луѓето што се чувствителни на полен, не можат толку многу да се радуваат на пролетното будење на природата. Алергиите се честа појава и сé повеќе луѓе реагираат на честичките и на миризбите што се шират во воздухот. Opel деновиве нé потсетува дека уште од 2000 година сериски вградува разни филтерски системи во своите возила, било да се работи за филтер за честички или комбинирани филтри со активен јаглен.

Од лани, во секој автомобил на Opel стандардно се вградуваат исклучиво филтри со активен јаглен. Тие се состојат од два слоеви и на тој начин спречуваат во кабината да навлезат честички, но и гасови, како озон и лоши миризби. Поленските честички се задржуваат стопроцентно. Филтерот треба да се заменува секоја година.

Конструкција на филтер за кабина со активен јаглен – 1. Груб филтер; 2. Слој од микровлакна; 3. Носечки слој; 4. Активен јаглен

Комбинираниот филтер со активен јаглен може кај голем број модели да се вгради и отпосле. Конкретно, кај Opel, ваков филтер може да се постави и во Calibra или Vectra C. Најдобро е вградувањето да се изврши во сервисна работилница. Кај некои модели, како Adam или Corsa D, филтерот е лесно достапен за замена, веднаш зад преградата пред совозачот.

Совети при чувствителност на полен

При висока концентрација на полен треба да се вози со затворени прозорци. Не треба да се занемари фактот дека кивањето со себе носи опасност во возењето. При градска брзина, дваесетина метри се минуваат со затворени очи при кивање. При брзина од 100 km/h, веќе станува збор за 50 метри, без да се гледа сообраќајот пред себе.

Во следниве месеци, алергиска реакција ќе предизвикуваат лешниковите дрва, исто како јасенот и брезата. Во текот на летото следат дивиот пелин, тревата и амброзијата. Тоа значи дека луѓето со алергиска реакција се изложени во целиот период од март до октомври.

Внимателно при земање антихистаминици, кои предизвикуваат замор

Спортските активности на отворено треба да се избегнуваат, затоа што засилувањето на циркулацијата ја влошува алергиската реакција. Треба да се внимава и при земање лекарства, затоа што таканаречените антихистаминици предизвикуваат замор.

Лекарите советуваат облеката да не се слекува во спалната соба, туку подобро во купатилото. Покрај тоа, косата треба да се мие навечер, за поленот да не се пренесе на перницата. Плакнење на носот со солен раствор наутро и навечер го смирува носот, додека за смирување на очите е добро да се стави влажна крпа.

Најголемата загаденост со издувни гасови е во кабината на автомобилот

Најчести грешки при ракувањето со клима уредот

Подземните гаражи се центри за загаден воздух

Топ 10 Најголеми заблуди околу аерозагаденоста во Македонија

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

162
34 shares, 162 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *