за

Новата Opel Corsa со двојно пониски трошоци за развој

opel corsa sledna generacija

Новата генерација на Opel Corsa ги користи придобивките како дел од групацијата на Peugeot. Развојот на традиционалниот модел на Opel ќе чини двојно помалку од досега

Марката од Риселсхајм ќе постигне значајна заштеда во развојните трошоци за следната генерација на Opel Corsa, благодарение на заедничкиот развој во рамките на групацијата PSA. За новата генерација на традиционалниот модел на Opel, чијашто премиера се очекува в година, трошоците за развој ќе бидат двојно пониски отколку што биле потребни за постоечкиот модел.

Со тоа што Opel ќе користи заеднички платформи со останатите марки во концернот, секој следен нов модел ќе биде меѓу 20 и 50 проценти поевтин за развој во споредба со својот претходник. Според шефот Михаел Лошелер, развојниот центар во Риселсхајм ќе има клучна улога во концернот. Една од задачите на центарот кој има лансирано голем број легендарни модели ќе биде да го обезбеди печатот на Opel во новите модели. Таму наводно ќе се развиваат и комплетно нови модели.

На платформата отпаѓаат околу 60% од трошоците за развој на нов модел

Новата Opel Corsa ќе користи заедничка платформа со Peugeot 208, на когошто исто така му претстои замена. Концернот на Peugeot веќе потврди дека двата модела ќе се нудат во верзија со погон на струја. Електричната Opel Corsa ќе следи една година по премиерата на францускиот близнак во 2019 година.

Каросеријата и внатрешноста и натаму ќе носат посебен печат на Opel. Наспроти тоа, моторите и менувачите ќе пристигаат од францускиот партнер.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

tesla model 3

Tesla Model 3 во САД се продава подобро од Audi и BMW

BMW i8 motor na godinata

BMW i8 со титула за најдобар мотор во класата