за

Електричната Opel Corsa чини 30.000 евра, испорака следната пролет

Opel Corsa-e
Opel Corsa-e

Новата генерација на Opel Corsa најдобро ја докажува огромната брзина со којашто напредува електричниот погон. Првите примероци од Corsa-e ќе почнат да возат во следната пролет, Opel веќе прима нарачки на домшаниот пазар. Ценовникот почнува од 29.900 евра, без субвенции и дополнителни повластици.

Шестата генерација на Opel Corsa буквално ја електризира автомобилската сцена. Изведбата со погон на струја се нуди највообичаено, како да е трета погонска опција, покрај бензинците и дизелите. Покрај нејзините 136 КС и реалниот досег до 330 километри, речиси нема што да се забележи. Освен за цената од 29.900 евра во Германија, но и тоа е релативно. Најмалку десетина европски држави веќе одобруваат субвенции, со кои електричните автомобили добиваат цена како модел со обичен погон.

Далечинското вклучување на климатизацијата, за кабината да се разлади пред седнувањето, веќе одамна е стандард кај електричните автомобили

Уште основното ниво на опрема Selection доаѓа со автоматска клима со далечинска контрола преку мобилна апликација, електрична паркирна сопирачка, пристап без клуч, мултимедија со дисплеј од 7 инчи и неколку основни системи за асистенција.

Специјалната воведна серија Corsa-e First Edition чини 32.900 евра, со диодни светла, бандажи од 17 инчи, двобојна каросерија и дигитални инструменти.

Opel паралелно со Corsa-e го претстави и својот прв плагин-хибрид Grandland X Hybrid4. До 2024 година, Германците ќе нудат најмалку по една изведба со електрифицирана погонска спрега во секоја моделска серија.

Батеријата од 50 kWh се полни до 80% за половина час на брз полнач со еднонасочна струја. Гаранцијата за батеријата изнесува осум години. Повеќе за Opel Corsa-e во објавата од премиерата на моделот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skoda Mountiaq

Пикапот од Skoda Kodiaq се вика Mountiaq и дело е на ученици

audi e-tron prodazba sad

Audi e-tron во мај со 856 испораки во САД