за

Новата Opel Corsa „најдобар избор“ според Аutobest

Autobest-Opel-Corsa-e
Autobest-Opel-Corsa-e

Еден од најпознатите модели во класата на градските автомобили ја освои престижната титула „Best Buy Car на Европа за 2020 година“. Жирито на Аutobest, составено од новинари од 31 земја, ја избра новата Opel Corsa за победник и за автомобил што нуди најмногу за парите.

Opel Corsa ги убеди членовите на жирито на Аutobest по обемните тестирања на финалистите во Истанбул. Наградата за новата Corsa претставува и хет-трик во рамките на Аutobest: Ниту еден друг модел не е прогласен за „Best Buy Car на Европа“ во три последувателни генерации.

„Многу сме среќни што ја добивме оваа награда“, рече извршниот директор на Opel, Мајкл Лошелер. „Одлуката на независните специјализирани новинари покажува дека со Opel Corsa создадовме автомобил ориентиран кон иднината за сите. Автомобил кој е најнапредeн, ефикасeн и добро опремен, и има силна динамика на возење. По цени што можете да си ги дозволите. Во исто време, Corsa, како трикратен победник на Аutobest, покажува дека со секоја нова генерација на возила што ги испорачуваме се со ветување дека ќе ги направиме врвните технологии достапни за широк спектар на купувачи.“

„Минатата година, на Аutobest рековме дека следниот добитник на Best Buy Car на Европа треба да биде електрифициран брилијантен нов производ. Точно тоа се случи, а новата Opel Corsa е совршен пример за електрификација за сите. Благодарение на мулти-енергетската платформа, новата Corsa им се обраќа на сите во Европа, нудејќи и ICE и EV верзии. Нашиот победник во Аutobest е првиот автомобил во нашата историја што почнува да ја гради врската меѓу сегашноста и иднината, меѓу класичните и авангардните погони и технологии. Новата Corsa е прва што ја демократизира иднината на електричниот погон, со што луѓето во Европа ја прифаќаат иднината самоуверено како следна нормалност,“ рече Дан Варди, основач и претседател на Аutobest.

Opel Corsa е единствен автомобил што трипати триумфира во изборот на Autobest

Во 2007 и 2015 година победија четвртата, односно петтата генерација на Corsa, а минатата година Opel Combo Life ја доби наградата Аutobest. Сега новите Corsa и Corsa-е ја продолжуваат традицијата. Рецепт за успех: Новата Opel Corsa комбинира високи секојдневни придобивки со врвните технологии, економија, возбудлив дизајн плус многу забава зад воланот. Секоја варијанта на Corsa е опремена со бројни најнапредни системи за помош. Овие вклучуваат предупредување за преден судир со автоматско сопирање при итни случаи и детектирање на пешаците, како и интелигентна контрола на брзината, предупредување за менување од лента и препознавање на знаци на сообраќај.

Заедно со плагин хибридот Opel Grandland X, Corsa-e годинава го означи почетниот сигнал за електричната офанзива на Opel. Сите модели на Opel ќе бидат електрифицирани до 2024 година – клиентите потоа ќе можат да изберат „e“ верзија на секој модел. Исто така, електричните лесни комерцијални возила стануваат особено важни за „последниот километар“ во градските центри. Комбето Vivaro-e ќе биде промовирано во текот на следната година. Електрифицираните верзии на Opel Combo Life, Combo Cargo и Zafira Life потоа ќе пристигнат во 2021 година.

Поранешната фабрика на Opel во Бохум стана центар за сајбер-безбедност

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кинеска марка првпат со титула на светски шампион во мотоспорт

Кинеска марка првпат со титула на светски шампион во мотоспорт

Ford Focus продажба

Пред финалето: Кои се најпродаваните марки во Европа годинава?