за

Opel Combo како премаскирана верзија на Citroen Berlingo

opel combo

Налето пристига новата генерација на мултинаменскиот Opel Combo. Исто како кај останатите „нови“ модели на германската марка, техниката пристига од PSA. Во исто време и Citroen го претстави новиот Berlingo, а во следните денови ќе им се придружи и Peugeot.

Opel Combo повеќе не е Fiat Doblo, туку е Citroen Beringo и Peugeot Partner. За разлика од претходната генерација на комбито со милион намени, новиот Combo не е развиван на иста основа со Doblo, туку со новиот француски партнер PSA. Нарачките стартуваат веќе во мај, испораките следуваат по летните одмори.

Исто како Citroen Berlingo, којшто се појави во новата генерација пред само неколку денови, новиот Combo за првпат ќе се нуди во две верзии со различно меѓуоскино растојание. Со должини од 4,40, односно 4,75 метри, двете варијанти на комбито нудат простор за пет или седум патници. Две лизгачки врати отстрана следат како стандард. Новитет е можноста за отворање само на стаклото во задната врата. Просторот за багаж или товар се движи меѓу 597 и 2.693 литри.

[ПРЕМИЕРА] Откријте го новото Citroën Berlingo: самоуверен изглед, 3 независни задни седишта со опција за склопување,…

Posted by Citroën on Friday, February 16, 2018

Просторноста е силна страна на овој каросериски концепт, но и варијабилноста. Доколку се собори и совозачкото седиште, внатре може да се превезуваат предмети долги до 2,7 метри. Бројни прегради насекаде се грижат за ред во кабината.

Opel не открива детали за моторите, иако е јасно дека ќе се користат погонските единици на PSA. Повеќе информации има околу опременоста. Во новиот Combo ќе се нуди проекциски дисплеј, радарски темпомат што самостојно го одржува растојанието и камера за читање сообраќајни знаци. Камера за рикверц исто така ќе стои на избор во списокот на дополнителна опрема, а не недостигаат и греење на седиштата и воланот, како и голем панорамски покрив.

Откако Citroen и Opel ги прикажаа своите мултинаменски модели, останува во следните денови уште Peugeot да го комплетира триото. Разликите меѓу моделите се сведуваат на козметички карактер.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

tesla proizvodstvo

Рекордно тримесечје за Tesla: Загуба од половина милијарда долари

Volvo XC40 Inscription

Volvo XC40 добива трицилиндарски бензинец