за

Opel Astra отсега само со трицилиндарски мотори

Opel Astra 2020 model
Opel Astra 2020 model

Бројни новитети за втората половина од животниот век на Opel Astra. Нови мотори и деветстепен автоматик, спортско подвозје, дигитални инструменти, нови комфорни функции. Техниката уште е германска, преоѓањето на платформа од концернот PSA ќе се случи во следната генерација на компактот.

Во Opel Astra отсега се вградуваат само мотори со три цилиндри. Европскиот автомобил на 2016 година, под хаубата доби комплетно нови мотори. Просечната емисија на СО2 е смалена за 19% во споредба со претходната моторна гама. Трицилиндарците имаат зафатнина од 1,2 до 1,5 литар и постигнуваат моќност во дијапазон од 105 до 145 КС.

Балансирачко вратило во блокот се грижи за поништување на вибрациите на моторот. Шестстепен менувач се вградува уште во основниот модел, а како опција се нуди деветстепен автоматски менувач.

New item by Automedia MK / Google Photos

Неколку суштински преправки доведоа до рекордни вредности за отпорот на воздух. Комбито Sports Tourer има вредност cw 0,25, додека истиот кај комбилимузината изнесува 0,26. Поставен е панел под кошот на моторот, а задните водилки имаат форма на дефлектор. Горниот и долниот дел од маската се отвораат и затвораат независно еден од друг, зависно од условите. На тој начин се подобрува спроведувањето на воздухот при повисоки брзини.

New item by Automedia MK / Google Photos

Амортизерите се променети и обезбедуваат повеќе комфор. Со доплата се испорачува спортско подвозје, со покрути амортизери, подиректно управување и соодветно сменето дотерување на задната оска со ватови лостови.

Моторите ја исполнуваат идната норма Euro 6d, со филтер за честички кај бензинците, односно OCR-катализатор и Адблу кај дизелите. Системот старт-стоп отсега е стандард.

Бензински мотори во новото моделско годиште на Opel Astra

1.2

1.2

1.2

1.4

Моќност КС при мин-1

110/4500

130/4500

145/5500

145/5500

[5000-6000]

Вртежен момент [Nm]

195/2000-3500

225/2000-3500

225/2000-3500

236/1500-3500

Менувач

6 степени

6 степени

6 степени

CVT

Потрошувачка [L/100 km]

4,6-4,4

4,8-4,7

5,5-5,2

5,9-5,7

Дизел мотори во новото моделско годиште на Opel Astra

1.5

1.5

1.5

Моќност КС при мин-1

105/3250

122/3500

122/3500

Вртежен момент [Nm]

260/1500-2500

300/1750-2500

285/1500-2750

Менувач

6 степени

6 степени

9 степени, автоматски

Потрошувачка [L/100 km]

3,6

4,3-4,2

5,3-4,9

Камери од нова генерација, дигитални инструменти

Во понудата од системи за асистенција, со кои Opel Astra се издвојуваше уште од стартот на моделот, додадени се нова предна камера, којашто е достапна со доплата, како и камера за рикверц. Со побрз процесор, новата камера сега распознава и пешак на пат, а се подобрува и читањето на знаците. Камерата за рикверц е достапна само ако се доплати и за инфо-забавен систем Multimedia Navi Pro со дисплеј од 8 инчи.

New item by Automedia MK / Google Photos

На списокот на дополнителна опрема се наоѓаат и безжично полнење телефон, озвучување Bose или загреван ветробран.

Нарачките стартуваат за неколку недели, вообичаено ќе бидат познати прво цените за германскиот пазар.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ford-komunikacija-infrastruktura

Ford му кажува на возачот каде има слободен паркинг

Lexus LC Convertible prototype

Доаѓа Lexus со сонце во сериската опрема