за

Opel Astra назад во сервис: Опасност од пожар во моторот

Astra J по стапките на претходникот. Нови нервози за сопствениците со опасноста од пожар поради грешка во изработката

Opel ја повикува актуелната генерација на Astra во сервис заради проблеми со ладењето на моторот. Во најлош случај може да се запали моторот. Проблемот е во лабавиот пластичен капак.

Марката со молњата во маската ги повикува во сервис сите примероци од актуелната моделска генерација на Astra (Astra J) со бензински мотор, коишто се произведени во периодот меѓу 2010 и 2012 година. Постои опасност вентилаторот на моторот да се блокира поради лабавиот капак на акумулаторот, по што следува прегревање на моторот поради недоволно ладење, а на крајот и можен пожар во возилото.

Поправката во сервисните работилници ќе се одвива во три чекори. Прво ќе се отстранува капакот на акумулаторот, потоа ќе се монтира дополнителен адаптер за каблите. Интервенцијата ќе трае половина час.

Со тоа Astra J се надоврзува на несреќната кариера на претходникот. Astra H (од 2004 година) имаше проблеми со турбополначите (1,9-литарскиот дизел до септември 2006), со контролната електроника на моторот (дизели и бензинци до ноември 2005), прскалки (1,6-литарски бензинец до октомври 2004), софтверот за регенерација на филтер за честички чад (дизели до ноември 2007), вентили за рециркулација на издувни гасови (бензинци до декември 2005, 1,9-литарски дизел со септември 2006) и електриката (пресилната струја на полнење ги оштетуваше акумулаторите – кај 1,9-литарскиот дизел со септември 2006). На крајот, стартерот продолжуваше со работа кај 1,6-литарските бензинци до октомври 2005 и 1,7-литарските дизели до септември 2007).

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW Мотоцикли со рекордна продажба лани

Унгарската полиција објави видео од хоророт со 336 km/h