Трендовското мини Adam и кросоверот Mokka од следната година ќе се продаваат во Јужна Африка. Opel планира до 2018 година да претстави 27 нови модели и 17 нови мотори на различни пазари.
Откако Германците одржаа премиера на нивните модели Adam и Mokka на салонот на автомобили во Јоханесбург во минатата година и по позитивната реакција на купувачите и медиумите, од следната година овие два модела на Opel ќе бидат достапни и во Јужна Африка. Пазарот во оваа држава од Југот на Африка постепено закрепнува и во првите седум месеци од оваа година Opel забележа пораст од дури 54 проценти. Воведувањето на новите модели Adam и Mokka ќе придонесе овој раст да продолжи уште поубедливо. Понудата на мотори и нивоа на опрема ќе се утврдат непосредно пред почетокот на продажбата.