за

Opel доби нов шеф: Лошелер на местото на Нојман

Michael Lohscheller; Opel

Михаел Лошелер е новиот шеф на Opel. Тој доаѓа на местото на Карл-Томас Нојман и има работено за повеќе автомобилски марки. Неговата досегашна позиција во Opel беше шеф на финансии.

Opel доби нов човек да раководи со марката под притисокот што го постави новиот сопственик PSA. Михаел Лошелер го наследува Нојман на кормилото на германската марка и има задача да го врати Opel во профитабилната зона најдоцна до 2020 година. Тоа е работниот налог од шефот на францускиот PSA, Карлос Таварес.

Менаџментот во седиштето во Риселсхајм мора најдоцна сто денови по комплетирањето на преземањето од Французите да поднесе план како марката повторно да постигнува заработка. Тоа се очекува да се случи во средината на септември, во време кога се одржува и големиот салон на автомобили во Франкфурт.

Во 2012 година Лошелер пристига во Opel од местото на шеф на финансии на VW во САД

Михаел Лошелер има богато искуство во автомобилската бранша и меѓу другото работел за Daimler, европскиот огранок на Mitsubishi и Volkswagen. Пред преоѓањето во Opel во 2012 година тој беше директор за финансии во американската филијала на Volkswagen. Во минатите дваесет години Лошелер работел како менаџер во повеќе подрачја, а неговата досегашна позиција беше шеф на финансии.

За Карл-Томас Нојман, напуштањето на Opel/Vauxhall по преоѓањето под групацијата PSA е „тешка, лична одлука“. Тој ја искажа својата гордост на тимот и на постигнувањата на тимот. „Не се сомневам дека Opel/Vauxhall ќе биде уште поуспешен и посилен по преземањето од групацијата PSA.“ Нојман постигна огромен напредок во изминатите години во поглед на зголемувањето на прометот што го реализираше марката од Риселсхајм.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Honda Clarity Fuel Cell

Honda го донесе најнапредниот автомобил со водороден погон во Европа

Биодизел Жорж Шаван

Биодизел се користел уште пред 80 години