за

Opel во офанзивен настап на македонскиот пазар на автомобили

Драган Ненадовиќ, регионален директор на Opel, изрази задоволство од продажбата во Македонија и најави скоро пристигање на новите модели на Opel

Регионалниот директор на Opel на денешната конференција за печат го најави пристигањето на новите модели на нашиот пазар и ги промовираше новите услуги за сопствениците на возилата на Opel.

На денешната конференција за печат, одржана во ресторанот Арабеска, првите луѓе од регионалната дирекција на Opel го претставија развојниот план на марката, како на европско така и на локално ниво. Конференцијата ја отвори познатиот водител Жарко Димитриоски, самиот сопственик на автомобил Opel, потсетувајќи ги присутните дека дури и во овие тешки пазарни опкружувања, Opel сака да го развива и шири својот спектар на производи во согласност со современите трендови.

Драган Ненадовиќ, регионален директор на Opel, ги најави новитетите од марката за претстојниот период
Драган Ненадовиќ, регионален директор на Opel, ги најави новитетите од марката за претстојниот период
„До 2016 година, Opel ќе претстави 23 нови модели и 13 нови мотори. Со оглед на тоа дека производот кој е наменет за купувачот е секогаш во нашиот фокус, Opel никогаш не ги намалува инвестициите во своето портфолио,“ нагласи генералниот директор на Opel за Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија и Бугарија, господин Драган Ненадовиќ. „Сакаме не само да ги задржиме нашите купувачи, туку и да привлечеме многу нови, а јас сум сигурен дека ќе успееме во тоа. Во прилог на тоа говорат и нашите нови производи, а некои од нив веќе сте имале можност да ги видите на неодамна завршениот саем за автомобили во Париз: Новата Corsa, ADAM S, новиот дволитарски дизел и Mokka со новиот 1,6-литарски дизел.“

Овие новитети ќе пристигнат наскоро на македонскиот пазар, а меѓу нив посебно се истакнува новата Opel Corsa, со целосно редизајнирана внатрешност во насока на посилен впечаток на квалитет и просторност, со инфо-забавен систем IntelliLink и напредни системи за помош на возачот. Интересно освежување ќе биде и новиот модел во гамата, Karl. Во компактно издание од 3,68 метри, Karl поседува пет врати и ќе ги нуди најдобрите карактеристики на Opel на интелигентен и многу практичен начин, како нов основен модел во портфолиото на марката.

„Земајќи во предвид дека до крајот на годината има помалку од три месеци решивме максимално да се приближиме на своите потенцијални купувачи и да им овозможиме да си дозволат врвен автомобил по најповолни цени до сега. Сигурен сум дека никогаш не сме имале подобра понуда и кога станува збор за квалитетот на производите и кога станува збор за цените. Во прилог на тоа зборува и фактот дека во септември во Македонија бевме убедливо прв бренд во патничката програма со 10,25 проценти пазарно учество,“ потенцира Ненадовиќ.

Регионалниот директор на Opel е особено горд на фактот дека Македонија е десетта земја во Европа во која е започната постпродажната програма ABC на Opel во собирање, управување, конверзија и задржување на што поголем број на потенцијални клиенти во постпродажба. Суштината на проектот е да се сфати и цени вредноста на секој клиент во текот на животниот век на еден автомобил, а не само купувањето во моментот.

Тројцата говорници на денешната конференција за печат во Скопје (од лево): Жаре Димитриоски, Драган Ненадовиќ и Коста Динковски
Тројцата говорници на денешната конференција за печат во Скопје (од лево): Жаре Димитриоски, Драган Ненадовиќ и Коста Динковски

Како што нагласи господин Драган Ненадовиќ, Opel во Македонија започна низа активности што се однесува до постпродажбата. Service 4+ е сервисна програма наменета за возила постари од 4 години по поволни цени, потоа следува продолжена гаранција и помош на пат, како и продолжување на сервисниот интервал на 30.000 km. „Посебно сум горд што Македонија влезе во првите 10 земји кога е во прашање програмата ABC, затоа што тоа е најголем постпродажен проект кој Opel го лансирал било кога, додаде Ненадовиќ.

Коста Динковски, менаџер за односи со јавност, ги прикажа можностите на порталот MyOpel
Коста Динковски, менаџер за односи со јавност, ги прикажа можностите на порталот MyOpel
Како составен дел на програмата ABC, компанијата Opel го започна и порталот myOpel.mk. Овој портал ги нуди сите предности на оригиналниот сервис на Opel на интернет. Целта на порталот е да се олесни закажувањето на сервисирањето, како за клиентите, така и за дилерите на Opel. Порталот MyOpel меѓу другото, нуди:

• On-line барање за сервисирање: закажување на сервис преку интернет;
• Локатор на дилер: избор на најблискиот дилери и/или услуга коишто на клиентот му нудат се што е потребно;
• Профил на вашиот Opel: ги содржи основните информации за автомобилот како и историја на сервисирање;
• Потсетник за сервисирање;
• Билтен со вести и понуди од Opel;
• Персонализирани понуди за секој клиент, како и многу атрактивни попусти со дополнителна опрема и сервис.

Покрај сите услуги кои клиентите ги добиваат во сервисите на Opel, на порталот има некои привлечни опции: „Со внесување на бројот на шасија и изборот на саканиот дилер, ние може да дадеме персонализирани понуди и известувања за интересни промоции на Opel во близина на местото на живеење,“ нагласи Коста Динковски, менаџер на Opel за односи со клиенти.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Србија ќе извезува автомобили во Русија

Кинези го победија Renault на тендер за електрични автомобили во Брисел