за

Peugeot ќе произведува мотори во фабриките на Opel

Новиот француски сопственик на Opel ќе ги произведува своите бензински мотори во една од фабриките на германската марка. Во Унгарија или во Полска во иднина ќе се произведуваат мотори на Peugeot.

Во фабриката на Opel во унгарскиот Сентготхард или во фабриката во Тиши, Полска, во иднина ќе се произведуваат бензинските мотори на Peugeot. Францускиот концерн PSA се реши за оваа опција, место за проширување на капацитетите во сопствената фабрика во Словачка, како што првично се планираше. Во словачката фабрика во Трнава моментно се произведуваат градските автомобили Peugeot 208 и Citroen C3.

Opel Senator пред 40 години им ги мрсеше конците на Mercedes & Co

Производството на мотори се сели од Словачка со цел да се ослободи повеќе простор за производството на новите модели. Планираните модели се базираат врз идната модуларна платформа на PSA и можат да користат бензински или дизел мотори, но и електричен погон. Уште не е потврдено дали изборот ќе падне на Унгарија или Полска.

[tie_slideshow]

[tie_slide]

Блиц инфо · Opel Szentgotthárd Kft.

Фабриката во Сентготхард е отворена во 1992 година, со производството на Astra (F). Две години претходно, General Motors потпишува договор за заедничка инвестиција со унгарскиот производител Raba. Во модерната фабрика за мотори се произведуваат три- и четирицилиндарски бензински мотори со зафатнина од 1,0 до 1,6 литар. Дизел моторите со средна големина на зафатнина исто така се произведуваат во Унгарија.

[/tie_slide]

[tie_slide]

Блиц инфо · Opel Manufacturing Poland Sp. o.o.

Фабриката во Тиши е основана од Isuzu Motors Polska (SPOL) и стартуваше со производство на дизел мотори (1.7 DTI) во 1999 година. Оттогаш во фабриката се произведени над два милиони мотори. General Motors го презеде претпријатието во 2013 година и го основаше GM Powertrain Poland.

[/tie_slide]

[/tie_slideshow]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

тоалетна кабина за камп-возила

Дали ова е најсмешниот изум во историјата на автомобилизмот?

киа моторс македонија штип

Киа Моторс Македонија отвори нов салон во Штип