148
24 shares, 148 points

Во канцелариите на Opel од утринава се запленуваат сите докази коишто можат да послужат во истрагата околу измамата со издувните гасови во моделите на германскиот производител

Полиција од утринава спроведува истрага во административните простории на германскиот производител Opel. Причината е сомневање за измама со издувните гасови кај автомобили со дизел мотор. Според германските медиуми, во 95.000 возила на Opel со дизел мотор е користен недозволен софтвер. Истрагата се води во фабриките во Риселсхајм и Кајзерслаутерн. Софтвер кој лажно прикажува дека штетните материи во издувот се во дозволените граници е користен кај моделите Insignia, Zafira и Cascada, произведени во 2012, 2014 и 2017 година.

Opel издувни гасови

Сојузното министерство за сообраќај во Берлин летоска повика на сослушување неколку менаџери на Opel, поради сомневањето за манупулација со системот за пречистување на издувните гасови. Поради истата причина беа спроведени сослушувања и кај уште неколку производители.

Opel тогаш се бранеше дека не станува збор за манипулација, туку за начин на функционирање на посебен уред во издувниот систем. Тој уред го исклучува пречистувањето во одредени ситуации, како на пример при ниски температури или при работа на моторот со ниски вртежи. Уште нема конечна пресуда околу законитоста на овој уред.

Производителите образложуваат дека уредите за исклучување на пречистувањето на издувните гасови има функција да го заштити моторот од оштетување во одредени услови

Според производителите на автомобили, овие уреди за исклучување на пречистувањето на издувните гасови имаат за цел да го заштитат моторот од оштетување, првенствено при екстремно ниски или високи температури на средината. Техничарите се сомневаат околу неопходноста од заштитата кај повеќето мотори.

Кога издувниот систем работи неправилно, дизелите испуштаат прекумерни количини на азотни оксиди, коишто се штетни по здравјето. Токму од тие причини, повеќе градови во Европа веќе го ограничуваат или дури и целосно го ограничуваат сообраќајот на стари возила со дизел мотор.

Германската агенција за моторен сообраќај во април 2016 година утврди пречекорување на дозволените вредности кај следните модели:

· Alfa Romeo Giulietta 2.0 l Euro 5
· Audi A6 V6 3.0 l Euro 5
· Chevrolet Cruze 2.0 l Euro 5
· Dacia Sandero 1.5 l Euro 6
· Fiat Ducato 3.0 l Еuro 5
· Ford C-Max 1.5 l, 2.0 l Euro 6
· Hyundai ix35 2.0 l Euro 5
· Hyundai i20 1.1 l Euro 6
· Jaguar XE 2.0 l Euro 6
· Jeep Cherokee 2.0 l Euro 5
· Land Rover Range Rover 3.0 l Euro 5
· Mercedes V250 Bluetec 2.1 l Euro 6
· Nissan Navara 2.5 l Euro 5
· Opel Insignia 2.0 l
· Opel Zafira 1.6 l Euro 6
· Porsche Macan 3.0 l V6 Euro 6
· Renault Kadjar 1.6 l, 1.5 l Euro 6
· Suzuki Vitara 1.6 l Euro 6
· VW Amarok 2.0 l N1 Euro 5
· VW Crafter 2.0 l N1 Euro 5

Во повеќето од овие модели е вградуван систем од Bosch, којшто го исклучува пречистувањето на издувните гасови во одредено температурно подрачје. Системот најчесто исклучува под 10 степени Целзиусови, но кај Opel тоа се случувало при дури 17 степени Целзиусови. Емисијата на азотни оксиди кај Insignia со дволитарски дизел изнесувала близу 700 милиграми на километар.

Штутгарт активира аларм за аерозагаденост, Скопје гради автопатишта

Холандија стравува од бран евтини дизели од Германија

ЕУ ќе тужи девет држави поради загаден воздух

Топ 10 Најголеми заблуди околу аерозагаденоста во Македонија


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

148
24 shares, 148 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743