за

Opel и Seat се повлекуваат од кинескиот пазар

Шефовите сметаа дека Кинезите ќе ги сакаат нивните марки. Но, Opel и Seat сепак мора да се повлечат од кинескиот пазар поради катастрофалните продажни резултати. Недостига имиџ.

Шпанската ќерка на Volkswagen го прекина извозот на кинескиот пазар поради лошите продажни резултати. Во Волфсбург веќе со месеци се решава дали Seat да се произведува локално во Кина, но уште не е донесено конечната одлука. Увозот на Seat беше прекинат во последниот квартал од минатата година. Трговците направија толку големи загуби што концернот сега мора да презема мерки да го смали финансискиот удар. Продажбата на Seat во Кина започна во 2012 година, но за разлика од другите марки на германскиот концерн, на шпанската марка не ѝ се посреќи на најголемиот пазар во светот. Во првата година, Шпанците продадоа 2.200 возила, додека во минатата година се преполовија продажните бројки. Опаѓачкиот тренд продолжи и во првиот квартал од годинава, со 179 возила. Сегашните салони на Seat во иднина ќе се преориентираат за продажба на Volkswagen.

Европската маркана General Motors исто така беше гладна за успех на големиот пазар, иако таму се веќе присутни речиси идентични сестрински модели на Opel Astra и Insignia под знакот на Buick. Американската марка, инаку, постигнува одлични резултати во Кина. Тоа не важи за Opel. По кусото гостување, марката мора да се збогува со азискиот пазар. Главната причина за неуспехот на обете европски марки е недостигот на имиџ пред кинеските купувачи. Релативно високите цени на моделите исто така придонесоа за неуспехот во продажбата. Повлекувањето на Seat нема да ги поремети плановите на концернот Volkswagen, во оваа година да продаде 3,5 милиони автомобили во Кина. Во просек, секојдневно се отвора по еден салон за марките на концернот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Во март продадени само 303 нови автомобили во Македонија

Ласерските светла на BMW i8 досегаат повеќе од половина километар