174
22 shares, 174 points

Најголемиот онлајн-трговец со автомобилски делови Autodoc, во минатата година постигнал петкратно зголемување на заработката и зголемување на прометот за 63 проценти.

Autodoc, водечкиот онлајн трговец со резервни делови за автомобили во Европа, во 2018 година го зголемил прометот за 63 проценти, на 415 милиони евра. Во компанијата ценат дека успехот се темели на јасната посветеност кон потрошувачите, како и на брзото дејство на онлајн-маркетингот, чијашто заслуга е зголемувањето на прометот на сите 26 европски пазари што ги покрива Autodoc.

На каналот на јутјуб на компанијата се објавени околу 1.600 видеа на коишто се објаснува поправката на одреден дефект или се објавуваат совети за возачи. На веб-сајтот лани имало 346 милиони посетители, што е голем раст во споредба со една година претходно, со 211 милиони посетители. Околу 7,7 милиони активни корисници направиле најмалку една нарачка во 2018 година. За тековната година се очекува прометот да надмине 600 милиони евра.

Autodoc постои единаесет години. Компанијата со седиште во Берлин за тоа време прерасна во најголем онлајн-трговец со резервни делови во Европа. Понудата моментно се состои од 2,5 милиони резервни делови од 545 производители за 128 автомобилски марки.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

174
22 shares, 174 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *