148
20 shares, 148 points

Вкупно 40 станици за гориво на OMV и на Petrom во Романија користат струја од соларни панели. Секоја станица поединечно ќе придонесе за намалување на емисијата на СО2 за 8,3 тони на годишно ниво.

Најголемата компанија за енергетика во регионот на Југоисточна Европа, OMV Petrom, постави фотоволтаички панели на 33 станици за точење гориво под брендот OMV и уште на седум станици на Petrom. Целта е да се смали потрошувачката на енергија од конвенционални извори и да се користи т.н. зелена струја. Преку поставувањето на фотоволтаичките панели, повеќе од 10 проценти од потребата за електрична енергија на станиците за точење гориво ќе се покриваат од енергијата на сонцето. Во проектот се вложени вкупно 1,3 милион евра.

Раду Чапрау, член на извршниот одбор на OMV Petrom, по овој повод изјави за медиумите: „Во континуитет сме посветени во намалувањето на емисијата на јаглероден диоксид во сите подрачја од нашиот бизнис, вклучувајќи ги активностите во рафинирањето и дистрибуцијата. Годинава направивме уште еден чекор понапред во нашата иницијатива во интерес на животната средина, со поставувањето на фотоволтаичките панели на станиците за точење гориво. Нашиот план е бројот на станици за точење гориво што се опремени со фотоволтаички панели да го зголемиме на 78 до крајот на годината.“

Фотоволтаичките панели произведуваат повеќе од 30.000 kWh зелена енергија на годишно ниво по станица, што е исто колку просечна потрошувачка на енергија на 8 домаќинства за една година.

Благодарение на енергијата од фотоволтаичките панели, секоја станица за гориво на OMV Petrom ќе ја смали емисијата на јаглероден диоксид за 8,3 тони годишно. Вкупното намалување на емисијата на СО2 од 40-те станици за гориво има ист ефект како рециклирање на повеќе од 3 милиони пластични шишиња.

Мерките за почиста животна средина што OMV Petrom ги презеде лани придонеле за емисијата на СО2 да се смали за 22% во споредба со 2010 година. Целта на компанијата е да се достигне намалување од 27% до 2025 година.

OMV Petrom се залага за одговорно постапување, како на ниво на компанијата, така и на инвивидуално ниво. Постојано се спроведуваат обуки за ефикасно користење на енергијата и подолго од една деценија се реализираат проекти за пошумување.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

148
20 shares, 148 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *