за

На овие олдтајмери најмногу им пораснала вредноста

олдтајмери вредност

Неколку денови остануваат до отворањето на најголемиот салон на олдтајмери во светот, Техно Класика во Есен. Пазарните аналитичари исто така се подготвија во меѓувреме и ги соопштија моделите чијашто вредност се зголемила најмногу во период од една година. Уште поинтересна е десетгодишната споредба, со поскапувања и до два ипол пати.

Браншата на олдтајмери се собира следната недела на Техно Класика во германскиот град Есен. Со 185.000 посетители лани, над 1.250 изложувачи од 30 земји и изложбена површина од 120.000 метри квадратни, во 21 хала и 4 штандови на отворено, Техно Класика привлекува и голем број автомобилски марки да настапат со официјален штанд на салонот. Кога на тоа ќе се додадат и над 2.700 колекционерски автомобили што ќе бидат понудени на продажба, нема двоумење дека тоа е најголемиот и најважен салон на олдтајмери во светот.

Специјалистите за пазарот со олдтајмери редовно ги следат трендовите и непосредно пред отворањето на Техно Класика ги соопштија моделите чиишто вредности се зголемиле најмногу во минатите 12 месеци, како и период од десет години. Според нив, цените на олдтајмерите во просек се зголемиле за само 1,4 проценти, што е речиси незначително. Но, некои модели секогаш отстапуваат од просекот.

Два модела на BMW од 1970-те години постигнале голем пораст во вредноста

Сопствениците на добро сочувани примероци од марката BMW од 1970-те години можат да бидат најсреќни доколку решат да го продадат својот миленик. Моделите на баварската марка од тој период добиваат на вредност на главните европски пазари за олдтајмери. Истото важи и за спортските модели од британските марки, кои повторно се враќаат на сцена.

Топ 10 олдтајмери со најголемо зголемување на вредноста во последните 12 месеци

[tie_slideshow]

[tie_slide]

1-во место: + 61,2 %
BMW 320 (генерација E21, модели произведени меѓу 1975 и 1977 година)

[/tie_slide]
[tie_slide]

2-ро место: + 30,5 %
BMW 635 CSi (генерација E24, модели од 1978 до 1981 година)

[/tie_slide]
[tie_slide]

3-то место: + 25,0 %
Ford Thunderbird Cabrio (модел од 1955 година)

[/tie_slide]
[tie_slide]

4-то место: + 19,8 %
Triumph TR6 Cabrio (1972–1976, верзија за американски пазар)

[/tie_slide]
[tie_slide]

5-то место: + 19,5 %
Volkswagen-Porsche 914 2.0 Targa (1972–1975)

[/tie_slide]
[tie_slide]

6-то место: + 18,8 %
Mercedes R 107 300 SL Cabrio (1985–1988)

[/tie_slide]
[tie_slide]

7-мо место: + 17,2 %
Opel Ascona B 1.6 N (1975–1981)

[/tie_slide]
[tie_slide]

8-мо место: + 16,7 %
Lancia Delta HF Integrale (1988–1989)

[/tie_slide]
[tie_slide]

9-то место: + 15,5 %
MG MGB MK III (1971–1974)

[/tie_slide]
[tie_slide]

10-то место: + 14,6 %VW Golf II GTI Kat 3TL (1987–1991)

[/tie_slide]
[/tie_slideshow]

Трендот можеби не влијае премногу на нашиот пазар, но еден модел на Renault што беше мошне чест по улиците поскапел речиси двапати на големите европски пазари за олдтајмери во последниве десет години. Сопственици на Renault R4 произведен меѓу 1972 и 1974 година нека го имаат тоа предвид, доколку некој почне им го загледува автомобилот.

Топ 10 олдтајмери со најголемо зголемување на вредноста во период од 10 години (од 2008 до 2017 година)

[tie_slideshow]
[tie_slide]

1-во место: + 245,7 %
VW Bus T2 (1967–1972)

[/tie_slide][tie_slide]

2-ро место: + 197,8 %
BMW 320/6 (E21, 1975-1977)

[/tie_slide][tie_slide]

3-то место: + 179,7 %
Chevrolet Camaro, 2nd Generation Coupé (1978-1981)

[/tie_slide][tie_slide]

4-то место: + 179,6 %
BMW 635 CSi (1987–1981)

[/tie_slide][tie_slide]

5-то место: + 177,8 %
Renault R4 (II, 1972–1974)

[/tie_slide][tie_slide]

6-то место: + 165,3 %
Mercedes-Benz 300 SL Coupé (W 198, 1954-1957)

[/tie_slide][tie_slide]

7-мо место: + 164,4 %
BMW CS E9 3.0 CSi (1971–1975)

[/tie_slide][tie_slide]

8-мо место: + 164,2 %
Pontiac Bonneville Convertible (1958)

[/tie_slide][tie_slide]

9-то место: + 138,1 %
BMW 520i 4TL (E12, 1972–1977)

[/tie_slide][tie_slide]

10-то место: + 132,7 %
Porsche 924 Coupé (1976–1979)

[/tie_slide][/tie_slideshow]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

audi e-tron gt

Audi подготвува спортска лимузина со електричен погон

tesla губи 9000 долари во минута

Финансиските директори си заминуваат од Tesla