193
27 shares, 193 points

Преку 100 олдтајмери од сите временски периоди ќе се појават на наддавањето во рамките на Техно Класика Есен во претстојниот викенд. Нивната вкупна вредност е проценета на повеќе од 20 милиони евра. Меѓу овие историски автомобили не недостигаат и филмски ѕвезди.

На најважниот и најголем салон на олдтајмери во светот не може да се очекува друго освен спектакуларно наддавање, на коешто колекционери, богаташи и ентузијасти ќе се натпреваруваат за сопствеништво над 115 олдтајмери, во вкупна вредност проценета на повеќе од 20 милиони евра. Наддавањето ќе се одржи во сабота, на 24-ти март, во рамките на Техно Класика во германскиот град Есен.

Неколку олдтајмери потекнуваат од колекција во којашто се вклучени единствено модели од прочуени филмови и имаат само еден претходен сопственик. Таков е случајот и со Lamborghini Miura SV, којашто се има појавено во култниот филм „Италијанска работа“.

Кореспонденцијата и фактурите им се важни на колекционерите на олдтајмери

Miura SV му е испорачана на сопственикот во Португалија во 1967 година, за седум години подоцна возилото да биде преработено во комплетна фабричка SV-спецификација. Сето тоа е уредно документирано, со писма и сметки, што на пасионираните колекционерите им значи многу. Портокаловото Lamborghini било комплетно реставирано во 2008 година и неговата актуелна вредност се проценува меѓу 1,1 и 1,5 милион евра.

Нов сопственик се бара и за Bugatti T 44 Fiacre By Gangloff од 1928 година. Станува збор за исклучително редок автомобил, во некогашна сопственост на прочуениот колекционер и автор на многу книги за Bugatti, Уве Хуке. Тој го поседува возилото со бропј на шасија 441141 во средината на 1960-те години, за во 1977 година да го продаде на Хелмут Шеленберг, легендарен тркач на Bugatti од 1930-те години. Вредноста на овој олдтајмер е меѓу половина и 550.000 евра.

Јангтајмери и „потенцијални“ олдтајмери од германски марки доминираат во каталогот

  • Mercedes-Benz 300SL ‘Gullwing’ Evocation (1988) од Антон „Тони“ Остермајер: Вредност проценета меѓу €260,000 и €320,000
  • Porsche 997 GT3 4.0 (2011): Вредност проценета меѓу €370,000 и €430,000
  • Mercedes Benz SLS Roadster AMG (2013): Вредност проценета меѓу €180,000 и €200,000
  • 1989 Porsche 911 Speedster: Вредност проценета меѓу €150,000 и €200,000
  • 1955 Porsche 356 Pre A Speedster 1600 Super: Вредност проценета меѓу €290,000 и €340,000

На списокот олдтајмери што одат под чекан се наоѓаат и

  • Lamborghini Espada Series III (1978) : Вредност проценета меѓу €110,000 и €150,000
  • Cord 812 Supercharged Cabriolet (1937) : Вредност проценета меѓу €150,000 и €200,000
  • Ferrari 330 GT 2+2 Series II, во ретка росо-кордоба боја (1967) : Вредност проценета меѓу €250,000 и €350,000
  • Aston Martin DB2/4 (1957) : Вредност проценета меѓу €250,000 и €300,000
  • Ferrari Dino 246 GT (1972) : Вредност проценета меѓу €250,000 и €300,000

На овие олдтајмери најмногу им пораснала вредноста

Салонот во Бремен ја отвори сезоната на олдтајмери

Dunlop произведува нови пневматици за спортските олдтајмери

Hispano-Suiza од 1927 прогласен за најдобро сочуван олдтајмер

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

193
27 shares, 193 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743